Пењароја по дебаклот на Партизан: Сите сме професионалци, секој има одговорност - Канал 5

Пењароја по дебаклот на Партизан: Сите сме професионалци, секој има одговорност

Екипата на Партизан синоќа претрпи најголемиот евролигашки пораз на домашен терен. „Црно-белите“ загубија во Белград од Олимпијакос со 104:66.

Пењароја по дебаклот на Партизан: Сите сме професионалци, секој има одговорност

Тренерот на партизан, Жоан Пенароја е свесен за катастрофалната форма во која се наоѓа неговиот тим.

- Игравме мека одбрана. Лоши проценти на шутирање во нападот. На крајот на краиштата, одигравме лош натпревар. Навивачите и клубот заслужуваат повеќе од нас. Мораме да се натпреваруваме и да бидеме подобри. Вистина е дека тимот имаше многу лоши моменти. А во последните два или три месеци изгледа навистина лошо. Ова е моментот да бидат професионалци, да тренираат напорно, да немаат изговори, да се држат заедно, да играат заедно и да разберат дека сме во тешка ситуација. На секој натпревар и на секој тренинг мора да се потрудиме сто проценти. Да ги вратиме нашите играчи и да ја промениме нашата енергија, говорот на телото во лоши моменти. Се обидувам да им помогнам од кошаркарска гледна точка, да ја подобрам нивната самодоверба. Се обидувам да им помогнам да ја подобрат својата форма и целокупна кондиција. Сите сме професионалци и секој има одговорност да се бори и да игра подобро. И се надевам дека играчите и ние тренерите ќе се подобриме, изјави Пењароја.

Партизан со биланс 6-16 (победи-порази) е последен на табелата во елитното кошаркарско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер