Фаризи: Граѓаните победија вчера - Канал 5

Фаризи: Граѓаните победија вчера

„Народот се мобилизираше без разлика на етничката припадност“

Фаризи: Граѓаните победија вчера

ДУИ синоќа буквално ги згасна сите штабови на ниво на држава, има одредени места каде што лидерите ниту не се заблагодариле на своите гласачи, мислам на Села, Таравари и Ахмети. Народот се мобилизираше без разлика на етничката припадност, наспроти ним што сакаа да направат политички атентат во државата и да се наметнат како одлучувачки фактор во државата. Но, гарѓаните одлучија тие да се пензионираат и сега ќе видиме дали ќе се пензионираат или ќе продолжат да земаат плата во Собранието без да одат на работа или пак цел ден да спијат -како некој од лидерите што спијат преку ден. Зијадин Села на пример, имал проблем за време на кампањата, велат не можеле да го разбудат. Ахмети, пак рано станува, но синоќа рано и легнал. Важно е дека граѓаните победија вчера, општините ќе бидат во раце на луѓе што не прават криминал и корупција. Ќе имаме почисти општини и граѓаните може да останат смирени, вели Љуљзим Фаризи во „Само Вистини со Видиновски“.

YouTube video

YouTube video

Што се случува со Каби Ламе? Лажни приказни за неговата смрт циркулираат на интернет

Во последните недели, на социјалните мрежи се шират вести за смртта на најпопуларниот ТикТокер во светот, Каби Ламе.

Што се случува со Каби Ламе? Лажни приказни за неговата смрт циркулираат на интернет

Првата приказна што циркулира на интернет е дека тој починал во сообраќајна несреќа, а втората дека бил приведен од страна на американската Служба за имиграција и царина (ICE). Гласините збунија милиони обожаватели низ целиот свет, но проверката на фактите ја утврди вистината.

Лажни вести за трагична несреќа

Сè започна со објави во кои се тврдеше дека Ламе починал во сообраќајна несреќа, а некои дури вклучуваа и слики од уништен автомобил лажно поврзан со него.

Една вирална објава гласеше: „Светот е во шок: Ѕвездата број еден на ТикТок, Каби Ламе, почина во трагична несреќа.“

Објавата брзо доби популарност и беше споделена неколку милиони пати. Дополнителна загриженост предизвика и кратката пауза на Ламе од социјалните мрежи, што ги натера многумина да мислат дека се случило најлошото.

Сепак, познатите медиуми потврдија дека објавите биле лажни, а Ламе се врати на социјалните мрежи. Истрагите открија дека објавите потекнуваат од сајтови со клик-мамки кои се обидувале да соберат податоци за корисниците.

Дали бил приведен од служба за имиграција?

Друга приказна што циркулира е дека Ламе бил приведен од американските имиграциски власти, и за разлика од извештајот за смртта, оваа приказна е делумно вистинита. Според официјалната изјава на „ICE“ објавена од „NPR“, Ламе, 25, бил уапсен на 6 јуни на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас поради пречекорување на визата.

„Серинге Кабане Ламе, италијански државјанин, бил приведен на аеродромот поради прекршување на имиграциските прописи. На Ламе му е одобрено доброволно заминување и оттогаш ги напуштил Соединетите Држави“, изјави портпарол на „ICE“. Записите покажуваат дека Ламе влегол во Соединетите Држави на 30 април 2025 година, но престојувал со пречекорување на визата.

Извори потврдуваат дека е жив

Извори потврдија за Ројтерс дека Ламе е жив, слободен и моментално е во Италија. Откако ги напушти Соединетите Држави, тој се вратил дома, каде што продолжува да создава содржина за својата публика. Ламе, кој стана италијански државјанин во 2022 година, останува најследениот корисник на ТикТок во светот со повеќе од 162 милиони следбеници.

Извор: Индекс.хр

ДИК: Во прв круг избрани градоначалници во 43 општини, втор круг ќе има во 33 општини

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус.

ДИК: Во прв круг избрани градоначалници во 43 општини, втор круг ќе има во 33 општини

Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК во текот на денешниот ден, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе одат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, нема цензус, рече Кондарко.

Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

ДИК вечерва ги соопшти и освоените советнички мандати по опшини на Локалните избори.

-Со тоа ДИК ги објави целокупните првични официјални резултати од гласањето на локалните избори за избор на градоначалник на општините, за советници во општините, како и за избор на градоначалник на Скопје и за Советот на град Скопје. Рокот за приговори за сумираните резултати тече 48 часа почнувајќи од 22 часот вечерва, завршувајќи во среда на 22-ри, до 22 часот, рече Кондарко.

Тој потсети дека во меѓувреме од вчера тече и рокот за постапката за евентуални приговори за текот на гласањето.

-Тој рок започна од вчера од 19 часот и завршува до утре, вторник во 19 часот. Приговорите се поднесуваат директно до ДИК. Поднесување приговри по пошта и по електронска пошта не се дозволени, потенцира Кондарко.

ДИК вечерва како неосновани ги отфрли приговорите за наводни нерегуларности во изборниот процес поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска за градоналалник на општина Центар и на Група избирачи Јане Димески за советничка листа за општина Центар.

Претходно ДИК ја затвори 147 седница, која беше започната завчера, бидејќи како што кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко, во меѓувреме нема пристигнато нови приговори по однос на заштита на лично избирачко право.

YouTube video

Јувентус бара нов тренер

Поразот во последниот натпревар од Серија А на Јувентус од Комо на гости (0:2) носи многу неизвесност за останувањето на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус.

Јувентус бара нов тренер

Судбината за неговото останување ќе се знае по следните два дуела на клубот во Мадрид и во Рим.

Италијанските медиуми веќе споменуваат нови имиња за клупата на Јувентус, кои би можеле да го заменат Тудор. Ова особено доколку екипата има слаби резултати на дуелите со Реал Мадрид (Лига шампиони) и Лацио (Серија А).

Еден од првите кандидати е Лучано Спалети, кој последен ангажман го имаше како селектор на Италија. Потенцијален нов тренер е и Роберто Манчини, но големо влијание ако има нов тренер секако ќе биде и платата на Тиаго Мота (тренер), кој е уште на платниот список на Јувентус до 2027 година.

притисни ентер