МакедонијаВо прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три44 општини добија градоначланици во првиот круг, во 33 ќе има втор, а во три општини изборите пропаднаа поради малата излезност.Мапата на Македонија на страната на ДИК е обоена во жолто, што графички ја покажува убедливата победа или водството на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Уште во првиот круг победија во 32 општини. По 20 години во прв круг победа извојуваа во Струмица со Петар Јанков, победи со огромна разлика имаат и во Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид... Убедливо победија и во Старо Нагоричане, но нинвиот кандидат МИРОСЛАВ СЛАВКОВСКИ има точно 50% од гласовите и дали ќе биде прогласен за победник во првиот круг ќе зависи од записниците.. -Градоначалници избрани во првиот круг ВМРО – ДПМНЕ - 32 градоначалници + Старо Нагоричане * СДСМ - 3 градоначалници ВРЕДИ - 5 градоначалници ДУИ - 3 градоначалници + Гостивар * Бограднци, Крива Паланка и Кривогаштани, се трите општини кои во првиот круг се обоија во црвена боја и во кои победија канидатите на СДСМ. ВРЕДИ победија во 5, а коалицијата предводена од Ахмети во 4 општини меѓу кои за прв пат и Чашка, но победата во Гостивар може да биде доведена во прашање поради тоа што недостигаат 25 гласа за да биде исполнет цензусот, а изборите веќе се неуспешни во три општини - Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не излегоа најмалку една третина од бројот на запишаните избирачи во Избирачкиот список. За две недели прегласаување ќе има за Град Скопје и во 32 општини, од кои 4 скопски - Интересна битка се очекува во Карпош, каде првопласираниот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ Лукровски ќе соочи со актулениот градоаначлник Јакимовски... во Центар пак актулениот градоначлник Горан Герасимовски од СДСМ со водство од околу 2.700 гласа оди во втор круг со кандиатот на ЗНАМ Мирослав ЛАбудовиќ.. Иако, убедливо води, во Куманово градоначлникот Максим Димитиревски за трет маднат ќе се бори во втро круг со незавинсиот Горан Стојковски, кандидатот на СДСМ Мартин Костовски заврши како четворопласиран, зад каднидатот на ДУИ. Во Кичево, ќе се повтори соочувањето од 2021 меѓу Фатмир Дехари од ДУИ и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Александар Јовановски, кој во првиот круг освои двојно повеќе гласови. Кандиатот на ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Кочани... Таму Влатко Грозданов ќе се соочи со независниот Венко Крстевски, кој по трагедијата на 16 март ја презеде ВД градоначалничката фукнвција. Што се однсува до советнички листи, на ниво на Македонија, ВМРО – ДПМНЕ освои околу 301 000 гласови, СДСМ 125 000 гласа, ДУИ нешто повеќе од 114 000 гласа, а ВРЕДИ околу 92 000 гласа... Левица има 58 000, ЗНАМ околу 39 000... -Втор круг од локланите избори (02.11.2025) Аеродром Брвеница Валандово Виница Дебарца Демир Капија Дојран Зрновци Карпош Кичево Конче Кочани Македонска Каменица Македонски Брод Могила Неготино Пробиштип Ранковце Чешиново-Облешево Боговиње Дебар Долнени Тетово Крушево Лозово Росоман Центар Чучер Сандево Струга Шуто Оризари Куманово Студеничани Град Скопје ВМРО – ДПМНЕ - води во 18 општини + Град Скопје СДСМ – 5 општини ВРЕДИ – 4 општини ТЕЛОП: Гласови за листи за советници ВМРО – ДПМНЕ 301 000 СДСМ 125 000 ДУИ 114 000 ВРЕДИ 92 000 Левица 58 000 ЗНАМ 39 000 ГРОМ – ЛДП 13 000 Тагови: ДИК локални избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter