Велика Британија не е единствената земја која воведе дигитални лични карти – има уште 15, а некои се и во Европа! - Канал 5

Велика Британија не е единствената земја која воведе дигитални лични карти – има уште 15, а некои се и во Европа!

Дигиталниот свет се развива и расте секој ден, а Велика Британија реши да чекори во чекор со времето и да им овозможи на граѓаните дигитални лични карти. Сепак, се поставува едно прашање — дали навистина тие се првите во тоа?

Велика Британија не е единствената земја која воведе дигитални лични карти – има уште 15, а некои се и во Европа!

Кон крајот на септември, граѓаните на Велика Британија, но и на цела Европа, беа изненадени од веста за промени поврзани со личните документи — кои првично биле во хартиена форма, а потоа и пластични.

Сите се прашуваат едно исто: дали Велика Британија навистина е пионер во воведувањето на ваков вид личен документ?

Вистината е — не се!

Иако успехот на оваа иницијатива сè уште треба да се види, британската влада изјави дека ќе ги искористи најдобрите аспекти од системите за дигитална идентификација што веќе се користат во неколку земји — меѓу кои Естонија, Данска и Индија — при дизајнирањето на својот систем.

Еве колку други држави веќе имаат дигитална форма на лична карта

Канада

Советот за дигитална идентификација и автентикација на Канада (Digital ID & Authentication Council of Canada) соработува со владата за создавање рамки што им овозможуваат на граѓаните да пристапуваат до владини услуги и да ја потврдуваат својата идентичност онлајн.

Шпанија

Системот „MiDNI“ е дигитална верзија на познатиот шпански документ „DNI“. Тој им овозможува на граѓаните да ја имаат својата лична карта на мобилниот телефон.

Франција

Апликацијата „France Identité“ им овозможува на граѓаните да ги обединат личната карта, возачката дозвола и сообраќајната дозвола во една единствена апликација.

Исланд

Електронската идентификација во Исланд се користи и за идентификација и за дигитален потпис. Таа може да се зачува на SIM-картичката на телефонот или да се користи преку апликацијата „Auðkenni“.

Полска

Граѓаните на Полска можат преку мобилната апликација „mObywatel“ да пристапат до својата дигитална лична карта или возачка дозвола, како и до бројни јавни услуги.

Украина

Системот „DIIA“ во Украина се користи за пристап до повеќе од 70 онлајн услуги за граѓани и бизниси. Овој систем стана особено корисен за раселени лица и за итни исплати за време на тековната војна.

Кина

Националната апликација за онлајн автентикација на идентитетот во Кина им овозможува на корисниците да добијат единствен дигитален број и сертификат за идентификација. Владата ја охрабрува употребата на оваа апликација, која е достапна преку „WeChat“ и други локални апликации.

Индија

Системот „Aadhaar“ обезбедува бесплатна дигитална идентификација за сите граѓани на Индија. Секој добива уникатен 12-цифрен број, кој може да се користи за пристап до различни владини програми и бенефиции.

Јапонија

Картичките „My Number“ во Јапонија се користат за верификација на идентитетот и можат да служат како личен документ и физички и дигитално. Картата може да се додаде во „Apple Wallet“ на Ајфон преку апликацијата „Mynaportal“.

Јужна Кореја

Граѓаните и странските жители можат да додадат дигитална верзија на нивната јужнокорејска лична карта на својот паметен телефон, заменувајќи ја физичката верзија на документот.

Австралија

Системот „Digital ID“ им овозможува на Австралијците доброволен, безбеден и лесен начин за верификација на нивниот идентитет онлајн.

Костарика

Граѓаните на Костарика можат да аплицираат за „Identidad Digital Costarricense“, електронски документ кој го потврдува идентитетот на лицето.

Обединети Арапски Емирати

Системот „UAE Pass“ им овозможува на граѓаните, жителите и посетителите пристап до онлајн услуги од различни сектори низ целите Емирати. Корисниците можат и да потпишуваат и верификуваат документи, како и да бараат документи од други лица.

Швајцарија

Швајцарските гласачи изгласаа план за воведување на доброволни електронски лични карти. Дигиталните лични карти ќе бидат опционални, па граѓаните ќе можат да продолжат да користат традиционални национални лични карти ако тоа го изберат.

Естонија

Системот eEstonia е најразвиениот национален систем за дигитална идентификација во светот. Покрај тоа што служи како законски призната лична карта со фотографија, тој овозможува дигитален пристап до сите безбедни е-услуги на Естонија.

Во Европската Унија, физичките лични карти постојат со децении.

Всушност, во сите земји-членки на ЕУ освен во две, физичките лични карти — во стандардизиран, машински читлив формат воведен во 2021 година — се користат и како идентификациски документ во матичната земја и како патна исправа во Шенген-зоната без пасоши.

Двата исклучоци се Данска, која користи дигитална апликација за идентификација и автентикација наречена MitID, и Ирска, која издава пасош-карти наместо лични.

Можеби ќе ве интересира: Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

До крајот на 2026 година, Европската Унија планира да го воведе Европскиот дигитален идентитет (eID) паричник, кој се смета за европски одговор на современите предизвици за идентификација.

Овој дигитален паричник ќе им овозможи на граѓаните на сите земји-членки на ЕУ:

-да имаат пристап до јавни и приватни услуги онлајн и офлајн,

-да чуваат и споделуваат дигитални документи,

-како и да создаваат правно обврзувачки електронски потписи.

Во моментов се спроведуваат големи пилот-проекти за тестирање на тоа како ќе функционираат овие дигитални паричници во различни ситуации, пред нивното официјално воведување низ целата ЕУ.

Во проектите учествуваат над 350 компании и јавни институции од 26 земји-членки на Унијата, како и од Норвешка, Исланд и Украина.

Пишува: Скај Њуз

Ad Image

Нетанјаху: Иран развива интерконтинентални ракети што можат да ги погодат САД

Нетанјаху изјави дека Иран развива интерконтинентални балистички ракети што можат да стигнат до американски градови како Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами.

Нетанјаху: Иран развива интерконтинентални ракети што можат да ги погодат САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран развива интерконтинентални балистички ракети што можат да стигнат до американски градови како Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами и да бидат во дострел на нуклеарни напади, и додаде дека конфликтот во Газа се ближи кон крајот.

„Иран може да го уценува кој било американски град. Луѓето не веруваат во тоа. Иран развива интерконтинентални ракети со дострел од 8.000 километри, додадете уште 3.000, и тие можат да стигнат до источниот брег на САД“, нагласи Нетанјаху за време на разговор во подкастот на Бен Шапиро, објави израелскиот „Џерусалем пост“.

Нетанјаху, исто така, изјави дека наводните ирански ракети претставуваат голем ризик, додавајќи дека „Израел направи одлична работа во спречувањето на таа опасност“.

Израелскиот премиер, исто така, откри дека Израел развива офанзивно оружје заедно со САД, што ниедна друга суперсила во светот го нема.

„Најнапредното оружје на планетата го развива Израел и го споделува со Америка“, рече тој.

Зборувајќи за војната во Газа, Нетанјаху изрази верување дека крајот на конфликтот се ближи, но нагласи дека тоа нема да биде можно доколку Хамас остане на власт по воспоставувањето на прекинот на огнот.

„Мислам дека сме блиску до крајот на војната, но сè уште не сме таму. Пред точно две години, беше извршено најлошото страдање на Евреите од Холокаустот. По тој ужасен ден, Израел се појави како најголема сила на Блискиот Исток, но сè уште имаме работа за да ја завршиме мисијата. Она што започна во Газа мора да се заврши во Газа со ослободување на 46 наши заложници, од кои 20 се уште се живи, и крајот на владеењето на Хамас“, заклучи Нетанјаху.

Ad Image

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?

​Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?

Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира.

Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија?

Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС сега и во иднини? Логистички, финансиски и во секоја смисла?

Дали тој поранешен премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС?

Венко Филипче е алатка во планот на Заев. Неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на планот на Зоран Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија.

И Венко Филипче и Зоран Заев се фатени на дело. Се е јавно и јасно. Планот нема да им успее, народот ќе го казни на избори.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Во Бугарија продолжуваат обилните врнежи поради кои се затворени патишта, прогласен е црвен метео-аларм во повеќе окрузи, а поради невремето без електрична енергија останале 51 населено место.

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Надлежните органи вршат засилен надзор над сите мостови и инфраструктурата која е потенцијално оштетена поради поплавите, пишува денеска бугарскиот портал Новините.

Локалните власти предупредија дека секоја ризична локација ќе биде веднаш затворена. До граѓаните е упатен апел да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен метео-аларм, највисок степен на предупредување, за осум окрузи каде се очекуваат повеќе од 65 литри дожд по квадратен метар. Истовремено, надлежните соопштија дека Бугарија ќе побара помош од европскиот Фонд за солидарност за погодените места поради настанатата штета.

Во меѓувреме, метеоролозите во Романија денеска го продолжија црвениот метео-аларм поради најавените обилни врнежи за пет окрузи и градот Букурешт, со можност за врнежи до 140 литри по квадратен метар.

Според најновото предупредување на романската Национална метеоролошка администрација (АНМ), од 21 часот на 7 октомври до 15 часот на 8 октомври се очекуваат обилни дождови во повеќе окрузи, пишува романската новинска агенција Аџерпрес. Количината на врнежи би можела да достигне од 80 до 100 литри по квадратен метар, а локално и од 120 до 140 литри по квадратен метар, во кратки интервали или како вкупни врнежи.

Ad Image
притисни ентер