Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн - Канал 5

Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. 

Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, а кој се одржува во Скопје.

Нашата цел е јасна, потенцира премиерот, а тоа е да станеме центар на дигитални трансформации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти.

-Но едно да не заборавиме, дигитализацијата не е за машини, таа е за луѓето, таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чуствува државата како пријател а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот а не обратно. Тоа е нашата цел. Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспаретна и ефикасна, рече Мицкоски.

Ја претставивме апликацијата Ем-услуги, таа е симбол на новата дигитална ера, сите документи на еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци за рокови и обврски, целосна транспаретност и доверба. Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата ќе ја промени Европа од корен, таа е нашата шанса да изградие поефикасна држава и поправедно општество. -Иднината им припаѓа на оние што се подготвуваат за неа денес, рече Мицкоски, додавајќи дека со дигитализацијата ќе станеме конкуретни со останатите земји во Европа и со регионот.

Дигитализацијата, според премиерот, е нашиот начин да ја победиме инертноста и да ја претвориме земјата во вистински сервис на граѓаните, а со дигитализацијата ја рушиме нееднаквоста меѓу оние кои имаат пристап и оние кои се оставени на маргините.

- „Информацијата е новата нафта на 21 век,“ велеше Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум. Но, додека нафтата ги создаваше монополите, информацијата може да создаде еднаквост – доколку, се разбира, ја користиме правилно. Дигитализацијата е економска моќ. Таа отвора пазари, носи нови инвестиции и ја зголемува конкурентноста. Со дигитализацијата нашите мали компании добиваат можност да излезат на глобалната сцена, рече Мицкоски.

Потенцира дека денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок.

-Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење, рече тој.

Дигитализацијата, интероперабилноста, сајбер безбедноста, поврзување на институциите, како и предизвиците на новото време, од вештачката интелигенција до учеството на бизнис секторот и академската задница се темите на кои денеска ќе разговараат учесниците на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски пред почетокот на Самитот истакна дека на едно место денеска во Скопје се собрани претставници на државите, економиите од целиот Западен Балкан, експерти, претставници на дипломатскиот кор, на бизнис заедницата на целиот регион и изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне поврзаноста меѓу државите.

-Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите овие држави, не само можност за дискусија, туку заедно сите да постигнеме успех. Во таа насока поттикнати од Регионалниот совет за соработка (РСС) работевме на заедничка декларација која ќе повика кон ЕУ и сите наши соседи да ја овозможиме иницијатива роаминг како дома, да ги намалиме трошоците за дата, трошоците за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од регионот на Западен Балкан кон цела Европа, исто онака како што успеа ова иницијатива да го направи тука на Балканот, истото тоа да го рашириме и во цела Европа, рече Андоновски.

Министерот истакна дека се надева оти тоа ќе биде успешно прво како заедничка декларација, а потоа и заеднички сите држави од регионот да ги исполнат условите, кои се поставени од Европската комисија.

Генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ изрази задоволство што заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот Андоновски ќе го отвори седмиот Дигитален самит, при што потсети дека првиот се одржал токму во Скопје во 2018 година и од тогаш до денес, како што рече, преземени се повеќе чекори за граѓаните од регионот, како што е зоната на слободен роаминг на Западен Балкан, како и намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан.

-Сега одиме понатаму да се постави нулта тарифа со ЕУ, што е голем исчекор во фазната интеграција со пазарот на ЕУ, истакна Капетановиќ и додаде дека крајната цел е поврзување на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ.

Тој најви дека по овој Самит, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, на кој, како што напомена, ќе се усвојат важни документи и акциски планови, кои меѓу останатото се однесуваат на дигиталниот пазар на Западен Балкан, односно интеграција на дигиталниот пазар на регионот со тој на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер