Петровска: Злоупотребувате теми што се од суштинска важност, а по изборите балонот „пука“ - Канал 5

Петровска: Злоупотребувате теми што се од суштинска важност, а по изборите балонот „пука“

„Некој требаше да оди и да им каже на луѓето да се евакуираат од домовите“

Петровска: Злоупотребувате теми што се од суштинска важност, а по изборите балонот „пука“

Постојано злоупотребувате теми што се од суштинска важност, а по изборите балонот „пука“. Пристапувањето на државата не може да биде предмет не смее, на мерење за рејтизни пред избори. Една стратешка одлука не сте донеле суштинска за државата.

Улогата на институциите е да превенираат да не се случи нешто, но и брзо и ефикасно да реагираат штом се случи пожар и сега со последниот во Трубарево, а исто така и со Вардариште и со Дрисла. Некој требаше да оди и да им каже на луѓето да се евакуираат од домовите, среќа на тие малкумина професионалци што се останати во институциите кои гледаме колку во вакви моменти се потребни. Ова е исходот од партизацијата во институциите на ВМРО-ДПМНЕ.

И ние од СДСМ живееме тука во Скопје. Темата за јавно обвинителство ќе ја продолжиме на Седницата во Собранието кога ќе ја отворите темата за разрешување на Јавниот Обвинител и тогаш ќе ви ги елаборирам сите детали.

Денот кога настана пожар во Трубарево, Министерот за животна средина држеше партиски прес кој што во живо одеше на социјалните медиуми. Ако сакате да расчистувате со криминалот, треба сите институции да ви бидат будни. Што во вакви моменти прави АНБ, вели Славјанка Петровска во Само Вистина

Руските авиони во низок лет прелетале врз полска нафтена платформа во Балтичко Море, активиран член 4 од Атлантскиот договор

Два руски борбени авиони од руските вооружени сили извршија ниско прелетување над полската нафтена платформа „Петробалтик“ во Балтичкото Море, објави „Полско радио 24“.

Руските авиони во низок лет прелетале врз полска нафтена платформа во Балтичко Море, активиран член 4 од Атлантскиот договор

„Службите одговорни за безбедноста на Полска постојано ја следат ситуацијата во критичната поморска инфраструктура, вклучително и областите надвор од територијалните води на Република Полска“, се наведува во соопштението на Државната гранична служба.

„Воените авиони летаа на висина од приближно 150 метри“, напиша Каролина Галецка, портпаролка на Министерството за внатрешни работи и администрација, на социјалната мрежа X.

Во моментов не се објавени дополнителни детали за инцидентот. Министерството за национална одбрана наведува дека Државната гранична служба е одговорна за истрагата на овој настан.

Нафтената платформа „Петробалтик“ припаѓа на групацијата „Орлен“ и работи во полскиот дел од Балтичкото Море. Се користи за експлоатација на наоѓалишта на нафта и гас што се наоѓаат под морското дно. Тоа е единственото место во Полска каде што енергетските ресурси се вадат директно од морето. Се наоѓа неколку десетици километри северно од Рожевје и претставува клучен елемент на националната енергетска безбедност.

Ова не е прв инцидент денеска во кој се вмешани руски авиони. Претходно три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во воздушниот простор на НАТО над Естонија без дозвола и останаа таму 12 минути. Естонската влада испрати официјален протест до руската страна и го активираше Член 4 од НАТО.

Полска, минатата недела, исто така, побара од НАТО да го активира Член 4 од Атлантскиот договор, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од нејзините членки, откако 19 руски дрона навлегоа на нејзина територија.

Тесла го „убива“ најевтиниот Сајбертрак – на никого нема да му недостасува

Најевтината верзија на Тесла Сајбертрак, моделот со долг опсег и погон на задните тркала, исчезна од конфигураторот на компанијата.

Тесла го „убива“ најевтиниот Сајбертрак – на никого нема да му недостасува

Кога Илон Маск го претстави Сајбертрак во 2019 година, тој објави дека клиентите ќе можат да купат варијанта со еден мотор и погон на задните тркала за почетна цена од 39.900 долари, без субвенции или попусти. Сепак, тој план никогаш не се реализираше, иако моделот со погон на задните тркала беше претставен дури во април оваа година.

Сајбертрак со долг опсег и погон на задните тркала имаше почетна цена од 69.990 долари, без федералната субвенција за електрични возила од 7.500 долари. Со таа субвенција, цената беше 62.490 долари, што сè уште не е „добра зделка“ кога станува збор за пикапот на Тесла. Сепак, таа придобивка истекува на 30 септември, што дополнително го направи купувањето на оваа варијанта бесмислено. На крајот, моделот чинеше дури 10.000 долари повеќе отколку што беше кажано дека ќе чини во 2023 година.

Купувачите на овој модел мораа да се откажат од голем број клучни карактеристики што се наоѓаат во поскапата варијанта со двоен мотор и погон на сите тркала, која започнува од 79.990 долари.

Верзијата со заден погон произведуваше 315 коњски сили и 300 lb-ft вртежен момент, со забрзување од 0-100 km/h за 6,2 секунди и максимална брзина од 180 km/h. За споредба, моделот со погон на сите тркала произведува 440 коњски сили и 540 lb-ft вртежен момент, забрзува за 4,1 секунда и достигува речиси идентична максимална брзина.

Покрај значително послабите перформанси, купувачите на моделот со погон на задните тркала мораа да прифатат компромис во опремата: наместо електричната прекривка за товар, добија опционална мека церада, немаше приклучоци во товарниот простор, а адаптивното воздушно потпирање беше заменето со класични пружини, што ја намали можноста за товар од 1.134 на 910 килограми, а капацитетот за влечење од 3.400 на 2.000 килограми. Внатрешноста беше исто така „оскудна“ - седиштата беа тапацирани со ткаенина наместо со синтетичка кожа, греењето беше достапно само во првиот ред (без вентилација), задните патници немаа екран, а аудио системот беше намален на седум звучници наместо 15 во варијантата со погон на сите тркала.

Извор: Б92

Филмски и ТВ сценаристи протестираа во Њујорк, поради суспензијата на Џими Кимел

Сопствениците на многу локални телевизиски мрежи поврзани со Еј-Би-Си рекоа дека нема да ја емитуваат емисијата сè додека Кимел не му се извини на семејството на Кирк.

Филмски и ТВ сценаристи протестираа во Њујорк, поради суспензијата на Џими Кимел

Филмски и ТВ сценаристи денеска одржаа протест во Њујорк против суспензијата на телевизискиот водител Џими Кимел од страна на компанијата „Волт Дизни“ и против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги казни радиодифузерите кои зборуваат лошо за него или за неговиот убиен сојузник, десничарскиот активист и интелектуалец Чарли Кирк, јавуваат британските медиуми.

На протестот организиран од Здружението на писатели на Америка, десетици филмски и ТВ сценаристи, како и некои вработени во телевизиската мрежа Еј-Би-Си која го емитува ток-шоуто „Џими Кимел во живо“, прошетаа пред облакодерот на Менхетен каде што има канцеларии компанијата „Волт Дизни“, наведувајќи дека го одржуваат протестот за „заштита на слободата на говорот“.

Телевизиската мрежа Еј-Би-Си која е во сопственост на компанијата „Волт Дизни“, претходно неделава го суспендирапе на неодредено време шоуто „Џими Кимел во живо“ откако водителот во емисијата во понеделникот зборуваше за Кирк и му се потсмеваше на претседателот.

Шефот на Федералната комисија за комуникации, назначен од Трамп, ѝ се закани на телевизиската мрежа со регулаторни мерки, што ги поттикна демократите и групите за граѓански права да ја обвинат администрацијата на Трамп за неуставни обиди за цензурирање на критичките медиуми.

Сопствениците на многу локални телевизиски мрежи поврзани со Еј-Би-Си рекоа дека нема да ја емитуваат емисијата сè додека Кимел не му се извини на семејството на Кирк.

притисни ентер