Руските авиони во низок лет прелетале врз полска нафтена платформа во Балтичко Море, активиран член 4 од Атлантскиот договор - Канал 5

Руските авиони во низок лет прелетале врз полска нафтена платформа во Балтичко Море, активиран член 4 од Атлантскиот договор

Два руски борбени авиони од руските вооружени сили извршија ниско прелетување над полската нафтена платформа „Петробалтик“ во Балтичкото Море, објави „Полско радио 24“.

Руските авиони во низок лет прелетале врз полска нафтена платформа во Балтичко Море, активиран член 4 од Атлантскиот договор

„Службите одговорни за безбедноста на Полска постојано ја следат ситуацијата во критичната поморска инфраструктура, вклучително и областите надвор од територијалните води на Република Полска“, се наведува во соопштението на Државната гранична служба.

„Воените авиони летаа на висина од приближно 150 метри“, напиша Каролина Галецка, портпаролка на Министерството за внатрешни работи и администрација, на социјалната мрежа X.

Во моментов не се објавени дополнителни детали за инцидентот. Министерството за национална одбрана наведува дека Државната гранична служба е одговорна за истрагата на овој настан.

Нафтената платформа „Петробалтик“ припаѓа на групацијата „Орлен“ и работи во полскиот дел од Балтичкото Море. Се користи за експлоатација на наоѓалишта на нафта и гас што се наоѓаат под морското дно. Тоа е единственото место во Полска каде што енергетските ресурси се вадат директно од морето. Се наоѓа неколку десетици километри северно од Рожевје и претставува клучен елемент на националната енергетска безбедност.

Ова не е прв инцидент денеска во кој се вмешани руски авиони. Претходно три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во воздушниот простор на НАТО над Естонија без дозвола и останаа таму 12 минути. Естонската влада испрати официјален протест до руската страна и го активираше Член 4 од НАТО.

Полска, минатата недела, исто така, побара од НАТО да го активира Член 4 од Атлантскиот договор, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од нејзините членки, откако 19 руски дрона навлегоа на нејзина територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности.

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер