- Канал 5

Трета победа за Алкалоид на Европскиот куп во Грција

 Шахистите на Алкалоид ја забележаа третата победа во третото коло на Европскиот клупски куп што се игра во Родос, Грција.

Трета победа за Алкалоид на Европскиот куп во Грција

Македонскиот шампион вчера го совлада германскиот претставник Шахфројнде Берли со 4:2.

Цели поени за Алкалоид освоија Еригаиси, Ји Веи и Читамбарам Аравинд, по половина поен освоија Александар Инѓиќ и Ивиќ, додека Јангји Ју загуби.

- Противничката екипа беше со слична конструкција како претходната со која игравме: пет млади, но силни шахисти кои се етаблираат во европскиот крем, плус тренерот на шестата табла, но, сепак, на многу повисоко ниво. Типично за модерниот шах, овој интернационален состав на играчи од Германија, Австрија и од Полска не сака да чека да се развива борбата, туку со специјално подготвени варијанти се обиде да направи изненадување. Неспорно, тоа му донесе почетна иницијатива, изјави Влатко Богдановски, капитен на интернационалниот состав на ШК Алкалоид.

По три кола, девет екипи помеѓу нив и Алкалоид имаат максимални шест бода.

Во четвртото коло ШК Алкалоид ќе игра со претставникот на Азербејџан, клубот кој го носи името на нивниот легендарен шахист Вугар Гашимов.

„Дизни“ ја отфрлил идејата за продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло

 Американската филмска продукција „Дизни“ не ја прифатила идејата за одгранок-продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло, овојпат во главна улога, открива глумецот. 

„Дизни“ ја отфрлил идејата за продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло

Имено, Драјвер вели дека бил расположен за тој филм, но одлуката била спротивна на неговите желби, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).

- Секaко дека бев заинтересиран да снимам уште една „Војна на ѕвездите“... Разговарав за снимањето уште во 2021 година. (Продуцентката) Кејтлин (Кенеди) ме контактираше. Секогаш си велев: Со одличен режисер и одлична приказна, ќе бидам таму за секунда. Го обожавав тој лик и обожавав да го играм, изјави Драјвер.

Глумецот го играше Бен Соло и неговото „друго јас“ - негативецот Кајло Рен, во третата трилогија од приказната од минатото десетлетие. Новиот филм, вели, требало да се вика „Лов на Бен Соло“.

YouTube video

- И, тоа беше навистина „кул“. Но, тоа веќе не постои, па конечно можам да зборувам за тој проект, рече Драјвер.

Следниот филм каде што ќе глуми, е семејната драма-комедија „Татко, мајка, сестра, брат“ (Father Mother Sister Brother), во режија на Џим Џармуш. Филмот ќе се прикажува во кино од 24 декември.

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

Фондацијата Ричард Никсон вчера во Белата куќа му ја врачи наградата на претседателот на САД, Доналд Трамп „Архитект на мирот“.

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

- Надворешната политика на претседателот Трамп „Америка на прво место“ се заснова на проактивна лична дипломатија во комбинација со филозофија на мир преку сила. Резултатите беа неверојатни во однос на бројот на прекини на огнот и мировни договори што ги постигна низ целиот свет, истакна Фондацијата.

Меѓу достигнувањата што доведоа до наградата, Фондацијата Никсон го истакна посредништвото на Трамп во Аврамовите договори помеѓу Израел и неговите соседи, решавањето на кризата во Персискиот Залив и организирањето прекини на огнот во неколку конфликтни зони. Посебно внимание се посветува на мировниот договор во Газа, кој предвидува ослободување на сите израелски заложници и ги поставува темелите за стабилно решение за Блискиот Исток.

притисни ентер