Шоу биз„Дизни“ ја отфрлил идејата за продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло Американската филмска продукција „Дизни“ не ја прифатила идејата за одгранок-продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло, овојпат во главна улога, открива глумецот. Имено, Драјвер вели дека бил расположен за тој филм, но одлуката била спротивна на неговите желби, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). - Секaко дека бев заинтересиран да снимам уште една „Војна на ѕвездите“... Разговарав за снимањето уште во 2021 година. (Продуцентката) Кејтлин (Кенеди) ме контактираше. Секогаш си велев: Со одличен режисер и одлична приказна, ќе бидам таму за секунда. Го обожавав тој лик и обожавав да го играм, изјави Драјвер. Глумецот го играше Бен Соло и неговото „друго јас“ - негативецот Кајло Рен, во третата трилогија од приказната од минатото десетлетие. Новиот филм, вели, требало да се вика „Лов на Бен Соло“. - И, тоа беше навистина „кул“. Но, тоа веќе не постои, па конечно можам да зборувам за тој проект, рече Драјвер. Следниот филм каде што ќе глуми, е семејната драма-комедија „Татко, мајка, сестра, брат“ (Father Mother Sister Brother), во режија на Џим Џармуш. Филмот ќе се прикажува во кино од 24 декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓаниИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Охрид.„Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам во делот на инвестициите во Охрид од повеќе од тоа што го слушнавме од градоначалникот. Гледаме дека се работи се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа. Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид ако биде се како што треба првиот квартал од следната година и оваа година есента очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, така што ќе се зголеми делницата којашто ја користат граѓаните како автопатска за уште дополнителни километри. Очекувам на тој начин да се намали растојанието и патувањето од неколку градови во Македонија до Охрид и на тој начин уште повеќе туристи да го посетуваат Охрид, за тоа му честитам на градоначалникот за тоа што го правел изминативе години и за тоа што го прави сега и за тоа што слушнавме дека ќе го прави навистина импозантно и импресивно. Би сакал да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот во Општина Охрид, би сакал исто така и на администрацијата бидејќи без квалитетна администрација вие не можете да подготвите проект ниту успешно да ја работите работата којашто ја работите, на пратениците коишто доаѓаат од Охрид коишто секогаш се борат за проект повеќе за да Охрид добие Охрид повеќе, на колегите од владата тука е потпретседателот и министер за транспорт, министерката за образование којшто исто така голем дел од својот фокус посветуваат на Охрид и на овој дел да може да се развива онака како што го заслужува. Благодарност и до директорката и до персоналот во гимназијата бидејќи овој објект континуирано се реновира, се инвестира во него, така што ова е тоа што го очекуваат граѓаните од луѓето на коишто им ја дале довербата да ја водат и ние како Влада, локалната самоуправа, градоначалникот со својот тим овде ќе продолжиме и понатаму да својот фокус го ставиме во Охрид и испорачуваме проекти коишто ќе додадат вредност во квалитетот на животот на охриѓани и на граѓаните во Македонија. Така што уште еднаш честитки за сите и вака да продолжиме во годините коишто следат.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДА: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме - 31-година од геноцидот во СребреницаПред точно 31 година беше извршен геноцид во Сребреница, која во тоа време беше заштитена зона на ОН.Оваа година во Поточари ќе бидат погребани десет жртви. Жртвите кои годинава ќе бидат погребани биле на возраст од 20 до 56 години. Меѓу нив има и тројца млади луѓе кои во моментот на смртта биле во своите дваесетти години и кои дури сега ќе го најдат својот конечен мир. Геноцидот во Сребреница е дел од колективната меморија на демократскиот свет. Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 78/282 на 23 мај 2024 година, прогласувајќи го 11 јули за „Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година“. Претставничкиот дом и Сенатот во САД уште во 2005 година, а подоцна и во 2015 и 2020 година, усвојуваа резолуции со кои злосторството во Сребреница недвосмислено се дефинира како геноцид. Европскиот парламент преку неколку резолуции, а особено онаа од 2009 година, успеа да го воведе 11 јули како Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на ниво на целата Европска Унија. Парламентите на Канада и Австралија, исто така, усвоија декларации кои го вклучија сребреничкиот геноцид во образовните програми и официјалните календари на сеќавање. Резолуции беа усвоени и во парламентите на Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Косово и Албанија, со што се создаде еден вид „цивилизациски круг“ околу Босна и Херцеговина, во кој геноцидот се признава како заедничка болка и опомена. Припадниците на Војската на Република Српска и нивните помагачи, по падот на Сребреница на 11 јули 1995 година, убија повеќе од 8.000 бошњачки мажи во низа масовни погубувања. Во мезарјето на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари досега се погребани 6.772 жртви на геноцидот, додека 250 жртви се погребани во локалните гробишта по одлука на членовите на нивните семејства. По повеќе од илјада жртви на геноцидот во Сребреница сè уште се трага. Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2007 година донесе пресуда во која се констатира дека во јули 1995 година во Сребреница, која тогаш беше „заштитена зона“ на ОН, Војската на Република Српска (ВРС) извршила геноцид. Во рамките на одбележувањето на 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, по комеморацијата, во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари ќе се одржи верска програма. Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме! СДА Македонија,Тагови: Сребреница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднинаОпштина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог. Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет. Општина АеродромТагови: детска градинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter