Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЖивотСедум департмани во Франција во портокалов степен на тревога поради невремето БенжаменСедум француски крајбрежни департмани на атлантскиот брег и во областа Ла Манш денеска се ставени под портокалов степен на тревога поради силни ветрови и опасност од поплави поради невремето Бенжамен, соопшти Метео-Франс.Тревогата поради ветер е издадена за департманите Манш, Вандеја, Шарант-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, додека предупредување за високи бранови е издадено за департманите Сена-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, пренесува БФМ. Невремето Бенжамен влезе во Франција синоќа преку Ла Манш, носејќи силен ветер и бранови долж атлантскиот брег. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашањаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата. Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците. И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаДЗР со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени местаСо помалку од половина од предвидениот број инспектори, Државниот пазарен инспекторат во 2024 година извршил над 28 илјади контроли.Од 313 предвидени инспекторски места, пополнети биле само 148, 5 одделенија биле без раководител, а во одделението за безбедност на производи имало само 5 од потребните 14 вработени. Ова се дел од наодите на Државниот завод за ревизија за работењето на ДПИ во 2024 година. Според извештајот на ДЗР истата година 19 административци биле незаконски прераспределени како инспектори без буџет и план за вработување, од кои 17 решенија подоцна биле поништени. Ревизијата утврдила и слабости во дигитализацијата поради нецелосна примена на системот „Е-инспектор“ и отсуство на електронска база за проценка на ризик. Дополнително, констатирани биле неправилности и во финансиите меѓу кои изоставени набавки од над два милиони денари во материјалната евиденција. -За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија препорачува зајакнување на човечките ресурси, целосна дигитализација и воспоставување електронски регистри, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, обезбедување простор за одземените предмети и трајни услови за контрола на безбедноста на производите. – препорачуваат од Држаниот завод за резивија. Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски нагласува дека за надминување на утврдените слабости се работи од почетокот на 2025 година. Според Стојкоски минатата година биле реализирани 18 нови вработувања, а до крајот на годинава добиле согласност од Министерството за финансии за уште над 30, главно за Скопје и источниот дел од земјава. Паралелно, уверува дека се работи и на подобрување и на материјалната и финансиската евиденција, како и на дигитализацијата. -Имавме и нови вработувања во 2025, а планирани се и во тековнава 2026 и 2027 година. Во делот на дигитализацијата, ДПИ со поддршка на Европската Унија работи на целосно ново системско софтверско решение, компатибилно за потребите на Инспекторатот. Институцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на капацитетите за контрола и обезбедување услови за континуирани лабораториски испитувања. Државниот пазарен инспекторат ја поздравува работата на Државниот завод за ревизија и дадените препораки ги гледа како основа за дополнително унапредување на работењето на институцијата. Од ДПИ велат дека ќе продолжат со постапување по препораките на ревизорите, но кадровското доекипирање останува меѓу клучните предизвици. И со најавените нови вработувања, до целосно потполнување на систематизираните 313 инспекторски места, би недостигале уште над 100 инспектори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче ќе ја извести ЕУ за медиумите од „српскиот свет“, најави кривична пријава за ТрајчевскиНајдоцна до утре ќе бидат испратени писмата до ЕУ лидерите, како аларм за хибридната војна која се води во земјава преку медиуми од т.н. „српскиот свет“ – порача лидерот на СДСМ – Венко Филипче. Воедно, најавува и кривична пријава за првиот човек на АВМУ – Зоран Трајчевски, за злоупотреба на службената положба и оштетување на државниот буџет, оти како што вели, Арена М каналите создаваат тука програма, а директорот на Агенцијата им дал дозвола како странски канал, што според Филипче е противзаконски. -Писмата се подготвени и во текот на денешниот, најдоцна утрешниот ден ќе ги испратиме. Јасно е наведено кои се нашите забелешки, а против Зоран Трајчевски од АВМУ, планираме да поднесеме кривична пријава. Затоа што, на македонски медиуми тука кои од тука функционираат, конкретно Арена М, која е сместена во просториите на Градскиот стадион, тука им се канцелариите, од каде што се емитуваше програма, гледавме фудбалски пренос од тие канцеларии, таму од тие простории, им дал дозвола како за странски канал и тоа е противзаконски и тоа е оштетување на буџетот, но тоа не се прави без поддршка од власта, од највисоките кругови на власта. Значи се дало дозвола на медиум кој што од тука продуцира програма како да е странски, а во тие регистри во странство го нема. Гледате злоупотреба? - Апсолутно, не само злоупотреба, туку и оштетување на буџетот. - Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Покрај Филипче, кривична за Трајчевски најавува и Македонската медиумска асоцијација(ММА), од каде упатија уште едно писмено барање за презентирање на документацијата врз која Арена М емитува програма, а која од АВМУ веќе четири недели одбиваат да ја покажат. Претседателот на ММА и директор на Канал 5 – Иван Мирчевски посочи дека претставувањето на Арена М каналаите како странска компанија го дерегулира и го делегитимира пазарот, оти станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, како и уредништво и сопствеништво. Последен доказен дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посоција огласот за вработување на хигиеничарка, во кој јасно се гледа дека фирмата огласник е регистрирана во Скопје. Трајчевски вчера одби да даде изјава за Канал 5 за случајов, со образложение дека е во Брисел на службено патување и не упати да се обратиме до АВМУ. Но, ниту од таму не добивме одговор врз кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде тој е регистриран, со оглед дека не е заведен ниту во срспкиот регулатор РЕМ. Од агенцијата само посочија дека сите одговори ги дале во претходните соопштенија. Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00