3Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
Култура„Звуците на културата" во Ѓорче ПетровВо паркот во општина Ѓорче Петров вечер почнува манифестацијата „Звуците на културата“, што ќе трае до 23-ти овој месец и на која ќе настапат познати македонски музички бендови и изведувачи.На манифестацијата, што се одржува првпат годинава, ќе има и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалаци од локални производители. На „Звуците на културата“ ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, Милко, Летечки Пекинезери,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември! Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија. Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците - Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров - Урошев(RPM Classics). Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво. Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија. Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации. Тиквешки Гроздобер 2026 и традицијата продолжува... Кавадарци повторно станува фестивалски центар на Македонија! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијатаВо ДКСК лани пристигнале 612 пријави со наводи за корупција, судир на интереси и непријавување на имотна состојба од службени лица, а Комисијата оформила 194 предмети по сопствена иницијатива. Издадени биле 111 прекршочни платни налози за прекршување на Законот за спречување на корупцијата, при што во Буџетот биле наплатени глоби во износ од 12.700 евра. Ова се дел од бројките од годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година кој денеска пред пратениците го презентираше претседателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ. Тој изјави дека генерално е задоволен од работата на комисијата и покрај проблемите и недостогот на кадар и поголем буџет. -До Јавното обвинителство доставивме 8 иницијативи за поведување на постапки за кривично гонење. Дополнително 3 иницијативи за утврдување на одговорност за службени лица и 6 друг вид на иницијативи за утврдување на одговорност на избрани и именувани лица односно службени лица. Имаме огромен број пријави, граѓаните не гледаат дека постоиме. Огромен број решени предмети, изречени налози и поднесени иницијативи до надлежното ЈО, изјави Чучуљ. Пратениците од власта и опозицијата со различни ставови околу борбата со корупцијата и улогата на Антокорупциската комисија. Според пратеничката Соња Мираковска од НСДП, која од опозициските пратеници единствено беше присутна на расправата, Комисијата како институција е непрепознатлива, а извештајот е само обична статистика. Од владејачкото мнозинство, пак, со критики за, како што посочија, незаинтересираноста на опозицијата. -Вас ве формиравме како тело да бидете совест во оваа држава, луѓето да ве препознаат како совест. Вие давате препораки ама овде не ни давате никаков извештај за тоа што понатаму се случува со вашите препораки. Колку се процесуирани, дали некој ги прифаќа, дали вие во јавност артикулиратвте некој проблем. Не сте само вие проблемот, туку и Собранието. Работата не оди на добро. Дали ќе оди догодина ќе видиме, но сега ова што се работи не е добро, изјави Мираковска. -Моментално на сите можни извештаи на ДКСК од СДСМ има 0 пратеници, од ДУИ има 0 пратеници и од Левица има 0 пратеници. Тоа зборува се за опозицијата. Колку опозицијата смета и дали смета дека има девијантни појави. ДКСК актуелнава што е сега и претходната што беше, и двете беа изгласани во рамки на ова Собрание кога СДСМ и ДУИ беа на власт. Значи и двете комисии, едната што ја фалите, другата што ја кудите, беше изгласана од СДСМ и од ДУИ, изјави Пренџов. Во однос на извештајот на ДКСК за финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините Чучуљ оцени дека Комисијата немала обемна работа во однос на локалните избори. ДКСК, оформила 43 предмети поврзани со пријави за изборни нерегуларности, а од нив само за еден случај доставиле иницијатива до надлежно Јавно обвинителство каде што сметале дека има елементи за сторено кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаПознаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваатСекое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години, кое користи интернет, било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба овозможена преку технологијата во период од една година. Тоа се околу 12.000 деца. Податоците се дел од новиот извештај на УНИЦЕФ кој денеска беше презентиран. 1 ОД 10 деца изложени на онлајн сексуална злоупотреба ≈ 12.000 деца 78% - сторителот бил познат на детето 48% - доживеале повеќе од една форма на злоупотреб Особено алармантно е што во 78% од случаите сторителот бил некој што детето го познава, додека само во 5% бил целосно непознат човек. 48% од децата биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Истражувањето, исто така, покажува дека момчињата и девојчињата биле погодени во слична мера, без значајни разлики во однос на полот, возраста, местото на живеење, дигиталните вештини или степенот на образование на родителите. -Несомнено е дека децата не можат и не треба од нив да очекуваме сами да се заштитат од ваква злоупотреба, но одговорноста е пред се кај нас возрасните за да спречиме штета, ефективно да одговориме и да создадеме побезбедна средина за децата. – Лесли Милер – Претставник на УНИЦЕФ Иако 88% од децата кои биле експлоатирани или злоупотребени раскажале некому за своето искуство, пријавувањето и барањето помош преку формални канали останало исклучително ниско (под 1%). Децата ги навеле срамот, стигмата, несигурноста во врска со процесите на пријавување и недостатокот на доверба во институциите како клучни пречки за барање формална помош. Институциите мора поефикасно да реагираат на ризиците со кои децата се соочуваат на интернет. Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени вели дека новото истражување треба да биде патоказ за конкретни мерки – од превенција во училиштата, до подобра размена на информации меѓу институциите и појасни процедури за пријавување и постапување по случаите. -Ни помага да ја согледаме реалната состојба во аншето општество, како се однесуваат младите онлајн, кои ризици се најчести и каде институциите треба да интервенираат поефикасно. Тој нуди насоки за зајакнување на законската рамка за подоцна на професионалците кои работат со доеца и за унапредување на практичните механизми за превенција и заштита. – Астрит Исени – Заменик министер за внатрешни работи Правни празнини има и во заштитата на децата од сексуална злоупотреба преку интернет. Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека законите мора да се приспособат на новите форми на дигитална злоупотреба, а институциите да имаат појасни механизми за пријавување, истрага и заштита на жртвите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook