Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
Магазин Зошто жените носат поголем ментален товар во семејството?За партнерскиот или семејниот живот да функционира, потребен е голем ментален напор што честопати останува незабележан. Станува збор за паметење ориентирано на иднината, која вклучува сè, од планирање на лекарски преглед и купување до усогласување на работните обврски и организирање на дружбите. Ова когнитивно оптоварување, познато како проспективна меморија, е од суштинско значење за стабилноста на врската, но неговата нееднаква распределба може да создаде фрустрација и стрес, пишува Psychology Today. Проспективната меморија подразбира способност намерата да се спроведе во дело. Процесот честопати бара повеќекратно потсетување пред да се изведе. Понекогаш, некој надворешен знак ќе нè поттикне да извршиме задача - на пример, средба со соседот ќе нè потсети дека треба да доставиме пакет кој погрешно бил доставен на нашата адреса. Во контекст на врските и семејствата, оваа ментална работа се одвива во четири фази: планирање, потсетување себе и другите, извршување на задачата и на крај, проценка на извршената задача. Бидејќи овој напор е претежно невидлив за оние околу нас, може да се смета за невидлива работа. Поделба на менталниот товар во семејството Во студија од 2022 година, психолозите Ерин Харингтон и Селинда Рис-Меланкон ја анализирале распределбата на проспективната меморија во домаќинствата со деца. Во прашалниците, родителите го оцениле сопствениот напор и напорот на партнерот при планирање, потсетување, извршување и оценување на задачите поврзани со децата и самиот партнер. Различни перцепции на татковците и мајките Резултатите покажале значителен јаз. Татковците сметале дека поделбата на работата е рамноправна. Мајките, пак, изјавиле дека носат значително поголем когнитивен товар, особено во задачите поврзани со децата. Интересно е што проценките на мајките за придонесите на татковците се поклопувале со она што татковците го навеле. Сепак, татковците значително го потцениле напорот што го вршат мајките. Анализата потврди дека мајките навистина извршуваат поголем дел од проспективната меморија, особено во почетните фази на планирање и потсетување. Сличен образец се повторил и кај задачите поврзани со партнерите - мајките сметале дека почесто им помагаат на своите партнери отколку што тоа го перципирале татковците. Истражувањето спроведено од Линдзи Робертсон, Тамара Андерсон и Кристина Ким, исто така, потврдило дека мајките извршуваат постојана ментална работа за да го одржат домаќинството во функција. Причини за нерамнотежата Се поставува прашањето зошто постои таков јаз во перцепцијата и зошто когнитивниот товар кај мајките е поголем. Одговорот е веројатно поврзан. Една претпоставка е дека татковците едноставно не забележуваат голем дел од менталната работа што ја извршуваат мајките. Овде не се работи за намерно избегнување одговорност, туку за тоа дека татковците го потценуваат трудот на својата партнерка и сопствениот придонес го прилагодуваат на таа погрешна проценка. Видливи и невидливи задачи Студијата на Робертсон и нејзините колеги попрецизно ги дефинира разликите. Менталниот напор на татковците се однесува на конкретни и видливи задачи, како што е косењето трева или фрлањето ѓубре. Мајките, од друга страна, се одговорни за различни помали, невидливи задачи, како што се организирање на семејниот распоред, следење на земањето лекови или плаќањето сметки на време. Една мајка во студијата ги опишала своите задачи како „работа во позадина“ што бара постојано ментално присуство. Исто така навела дека нејзиниот сопруг почнал да го разбира нејзиниот когнитивен напор дури кога му го објаснила користејќи деловна терминологија. Ова сугерира дека партнерите можеби не ја ценат менталната работа ако не видат колку често се планираат и поддржуваат семејните активности. Како да се балансира менталниот товар Наместо да се потпираат на помнењето, семејствата можат да користат алатки како заеднички календар, список со обврски и задачи. Така сите членови во домаќинството би биле информирани за обврските и ќе се намали притисокот врз одреден поединец. Партнерите можат да се согласат меѓусебно да се потсетуваат на задачите. Овој пристап ја поттикнува соработката и ја зголемува веројатноста дека обврската ќе биде исполнета. Дигиталните алатки можат да ја преземат и улогата на потсетници. Можете да поставите аларми за дневните обврски или да користите потсетник базиран на локацијата, што ќе се активира, на пример, кога ќе пристигнете во продавница. За алатките, како на пример, календарот да биде корисен, прво е потребно да се идентификуваат и наведат сите мали, често неформални задачи што го оптоваруваат памтењето. Првиот чекор е овие обврски да се направат видливи. Клучно е да разговара редовно за менталниот труд во домаќинството. Овие разговори треба да се сметаат за важна обврска и да се внесат во заедничкиот календар. Видлива работа за поздрав однос Планирањето, потсетувањето, извршувањето и анализата на семејните обврски ја сочинуваат невидливата работа што ги одржува односите. Кога овој ментален напор станува видлив и кога партнерите отворено зборуваат за тоа, се отвора простор за подобра комуникација, пофер поделба и, на крајот, за посилен однос и постабилно семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМарко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во ПолскаМакедонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1. Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена. Пет победи до светскиот врв Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати. Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0. Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија. Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг: Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6 Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1 Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0 Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0 Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1 Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија. Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација. Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик. Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања. Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција. Македонската репрезентација продолжува со настапите Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат. Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал. Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв. Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување. Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септемвриПри спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети. Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.Тагови: електрични тротинети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook