Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Технологија„Знаеме за вселената нешто што никој друг не го знае“- астрономите со ново големо откритие Астрономите откриле нови докази дека околу Барнардовата ѕвезда, една од најблиските до нас, орбитира не една, туку четири мали планети.Секоја од нив има само помеѓу 20 и 30 проценти од масата на Земјата и е толку блиску до нејзината ѕвезда што кружи околу неа за само неколку часа. Ова најверојатно значи дека тие се премногу топли за да бидат погодни за живеење, но тоа е клучно откритие за разбирање на планетарните системи околу блиските ѕвезди, соопшти Универзитетот во Чикаго. - Ова е многу возбудливо откритие. Ѕвездата на Барнард е наш вселенски сосед и знаеме толку малку за неа. „Ова откритие покажува подобрување во прецизноста на новите инструменти во споредба со оние од претходната генерација“, рече Ритвик Басант, докторант на Универзитетот во Чикаго и еден од авторите на студијата. Исто така, овие наоди се продолжение на студијата на овој тим кој во ноември, користејќи друг телескоп, откри докази за постоење на најмалку една планета во близина на ѕвездата на Барнард. Во новата студија, објавена во The Astrophysical Journal Letters, учествуваа и научници од Опсерваторијата Gemini, Универзитетот во Хајделберг и Универзитетот во Амстердам. Ѕвездата на Барнард е џуџеста ѕвезда од типот М, за која знаеме дека ги има многу во универзумот. Затоа, научниците се обидуваат да откријат какви планети постојат околу нив. Самата ѕвезда на Барнард, оддалечена 5,96 светлосни години, била откриена во 1916 година од страна на Едвард Емерсон Барнард, по кого, покрај ѕвездата, се именувани и Барнардова јамка, Барнардова галаксија, астероидот 819 Барнардијан, кратери на Месечината и Марс и пејзажот на Ганимед. Оваа ѕвезда е најблиската поединечна ѕвезда до Земјата, но поблиску од неа се три ѕвезди во системот Проксима Кентаур кои орбитираат една околу друга. Инструментот MAROON-X, прикачен на телескопот Gemini на Хаваи, бил изграден и користен за откривање на планети околу ѕвездата на Барнард. Се верува дека откриените планети се копнени, т.е. дека имаат цврста површина, иако тоа е тешко да се потврди бидејќи аголот под кој ги гледаат научниците е незгоден. Она што е потврдено е дека нема други планети во зоната погодна за живот околу Барнардовата ѕвезда. Неколку пати во текот на минатиот век, научниците верувале дека пронашле докази за планети околу ѕвездата на Барнард, но на крајот немало докази. - На овој податок работевме многу интензивно и на крајот на декември постојано размислував за тоа. И тогаш одеднаш сфатив дека сега знаеме нешто за универзумот што никој друг не го знае. Едвај чекавме да ја откриеме оваа тајна. Многу од она што го правиме е мало и понекогаш е тешко да се види поголемата слика. Но, откривме нешто што човештвото ќе го знае засекогаш. „Ова е неверојатно чувство по откритието“, изјави Џејкоб Бин, професор на Универзитетот во Чикаго.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34