Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка
1Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка
3Клековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евра
Веб ТВ„Зевзекманија“ сабота во 18:30Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечкаНа маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP).На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP), организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум. Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, насочена кон развој на современи и флексибилни регулаторни пристапи во услови на забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на предизвиците што брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција, ги поставува пред институциите, регулаторните системи и општествата. Тој нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото. „Можеме да делегираме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме одговорноста“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека современата регулатива треба да создава простор за иновации, но и соодветни механизми за заштита, пропорционални на ризиците. Посебен акцент беше ставен на потребата од поголема меѓународна регулаторна соработка, размена на искуства и активно вклучување на помалите држави во обликувањето на глобалните правила и стандарди за новите технологии. Токму меѓународната соработка и развојот на практични, приспособливи регулаторни решенија се меѓу клучните цели на GRIP. Осврнувајќи се на нашата држава, министерот истакна дека дигиталната трансформација претставува конкретна можност за зголемување на конкурентноста на домашните компании, отворање нови перспективи за младите и обезбедување поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги од институциите. Во таа насока, Муцунски повика на развој на конкретни регулаторни пилот-проекти, споделување успешни практики и создавање решенија што ќе бидат достапни и применливи за држави со различни институционални капацитети и ресурси. „Интелигентната ера ќе го тестира квалитетот на нашето расудување исто колку и моќта на технологијата. Потребна ни е храброст да иновираме и мудрост да го зачуваме она што му дава смисла на напредокот“, порача министерот Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГори брод кај Миконос- во тек е голема акција за спасување (ВИДЕО)Пожар избувнал на товарниот брод „Blue Carrier 2“ додека пловел северно од Миконос во петок наутро.На бродот имало вкупно 29 лица - 28 членови на екипажот и еден патник, објавува порталот Protothema.gr.. Сите биле безбедно евакуирани, а кратко по 11:20 часот биле качени на брод на грчката крајбрежна стража кој ги транспортира до островот Тинос. Φωτιά ξεσπασε σε φορτηγό πλοίο βόρεια της Μυκόνου, ευτυχώς οι 29 επιβαίνοντες ειναι καλά στην υγεία τους και μεταφέρθηκαν στην Τήνο… https://t.co/yxfwAfnzFi — Νικόλας Κάιζερ (@nickaizer1) September 25, 2026 Според последните информации, пожарот избувнал на камион кој се наоѓал во гаражата број 4 на бродот. Четири патролни чамци на крајбрежната стража, еден патролен чамец, два глисери на противпожарната служба, еден противпожарен чамец, два реморкери, како и други пловила и бродови што се нашле во близина интервенираат на местото на настанот. Екипа од Единицата за подводни мисии е исто така испратена во акција за да помогне во операцијата. Во областа дуваат северен ветер со јачина од четири бофорт. Сите 29 лица на товарниот брод безбедно пристигнале на Тинос. „Blue Carrier 2“ е товарен брод Ро-Ро под грчко знаме, изграден во 1997 година. Долг е приближно 162,5 метри и има бруто тонажа од 23.986. Πάλι καλά, εκκενώθηκε το φορτηγό-οχηματαγωγό πλοίο BLUE CARRIER 2, στο οποίο εκδηλώθηκε πυρκαγιά το πρωί της Παρασκευής ενώ έπλεε στη θαλάσσια περιοχή βόρεια της Μυκόνου. Οι ανθρώπινες ζωές είναι πρωταρχικής σημασίας. https://t.co/UYgiDb8rS0 — Karagioros Gerasimos (@GKaragioros) September 25, 2026 Соопштение на компанијата Компанијата „Атика Ферис“ објави дека пожарот избувнал во петок, 25 септември 2026 година, во 8:57 часот наутро, додека бродот „Blue Carrier 2“ пловел во морето северно од Миконос, по својата редовна рута. Веднаш по избувнувањето на пожарот, биле активирани пропишаните безбедносни процедури, а екипажот започнал со гаснење со свои средства. Надлежните органи веднаш биле известени за настанот. Евакуацијата на бродот била извршена на организиран начин и во согласност со безбедносните процедури, а сите 29 лица на бродот безбедно го напуштиле бродот. Компанијата во последователно соопштение изјавила дека ангажирала специјализирани компании кои, во соработка со надлежните институции, ќе преземат сите потребни мерки во врска со заштитата на животната средина и управувањето со ситуацијата на бродот.Тагови: Миконос брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евраМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид по повод отпочнување на активности за реконструкција и изградба на новото крило, кои беа стопирани од 2017 година.Новото крило предвидено е да се стави во употреба до крајот на годинава, со што болницата ќе добие четири современи операциони сали. -По повеќе од една година работа со раководството на болницата е затворена финансиската конструкција за завршување на новото крило, инвестиција што ќе надмине два милиона евра. Средствата, ќе бидат обезбедени од повеќе извори, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, буџетот на болницата, други државни институции и донации од општествено одговорни компании. Веќе е избран и добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, а постапките за набавка на опрема, дел се во тек, а дел ќе бидат обновени. Јас би ставил рок до Нова година, фактички цела нова болница, да биде ставена во употреба, изјави министерот Клековски. Тој посочи дека од сегашниот капацитет од околу една и пол операциона сала, специјалната болница „Св. Еразмо“ ќе добие четири современи операциони сали. Охридско-струшкиот регион во повеќе области обезбедува здравствени услуги на високо ниво и еден од примерите е болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. -Со новата опрема и подобрените услови значително ќе се унапредат болничкиот стандард, условите за работа и лекувањето на пациентите. Ќе се потрудиме да станеме една, можеби, најрепрезентативна институција од областа на ортопедија и неврохирургија. Со поддршка на Владата сакаме да станеме референтен центар во областа на ортопедија и неврохирургија, посочи директорот, Харалампие Шокаровски.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter