3Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
Македонија Замрзнат статусот на полицајците во истрагата за „Пулс“Замрзнат е работниот однос на полицајците кои беа опфатени во истрагата во Кочани - порача министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната посета на комисијата заштита од дискриминација. Тошковски кажа дека јавното обвинителство ја води постапката, сепак полицајците ќе бидат надвор од вршење на должноста. -Јавното обвинителство е оној орган којшто е надлежен да постапува во овој дел од истрагата. Истрагата во делот на полициските службеници којшто се спроведува од страна на ОЈО ГОКК сеуште не е завршена. Во рамките на нивното функционирање во МВР ако ме прашувате во тој дел, нивниот статус е замрзнат, односно во рамките на овој временски период ќе бидат оддалечени од вршење на функција во рамки на тековното функционирање на министерството,- - Панче Тошковски министер за внатрешни работи. Запрашан за тоа како ги коментира родителите кои обвинуваат дека постапката не се спроведува соодветно, Тошковски рече дека министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и својата задача досега ја има извршено како што требало да биде. -Родителите, ова го имам кажано многу пати, само ќе го повторам, имаат право да бараат одговори од институциите, а институциите се должни да дадат одговори на сите прашања. Сметам дека она коешто требаше да биде сторено од МВР како институција е сторено во рамки на целокупниот изминат временски период. Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и никогаш, никогаш нема да дозволи оној којшто, за оној којшто има докази, за оној којшто има основи на сомнение доведени на одредено ниво да не се процесуира постапно,- - Панче Тошковски министер за внатрешни работи. Инаку, Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот “one stop shop” на границата со Србија. Во моментот системот во функција е само на границата со Косово, а Албанија е следната земја со која ќе биде воведен истиот систем. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДСНека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации? Зошто молчел досега? Кои документи и докази ги поседува? Кој го потпишал договорот и врз основа на што? Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки. Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување. Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави. Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции. Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес. Јавноста има право да знае што се случувало. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните. Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје. Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката. Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок. Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата. Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: ИНРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапаСкопје денеска пулсира во ритамот на 22. Виз Ер Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.Стартот на маратонот го означи министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека спортот ги поврзува луѓето, ги надминува границите и создава позитивна енергија која се пренесува низ целиот град. „Скопскиот маратон е голем спортски настан кој го става Скопје и Македонија на светската спортска мапа. Илјадниците учесници од десетици земји денеска испраќаат силна порака дека спортот обединува, мотивира и инспирира. Како Министерство за спорт, заедно со Владата, остануваме силен партнер на спортот и на настаните кои го промовираат активниот и здрав начин на живот и ја афирмираат нашата држава. Затоа и годинава стоиме зад Скопскиот маратон и ќе продолжиме да поддржуваме настани кои носат спортска енергија, ги мотивираат граѓаните да бидат активни и го промовираат Скопје пред светот“ - истакна министерот за спорт. Ристовски упати честитки до сите учесници, организаторите, волонтерите и сите кои придонесуваат Скопскиот маратон да прерасне во препознатлив меѓународен спортски настан. „За секој што денеска е на патеката, најважен е сопствениот предизвик. Трчајте со срце, уживајте во трката и бидете горди што сте дел од оваа голема спортска приказна“ - порача Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои придонесуваат за развојот на спортот, промоција на активниот живот и меѓународна афирмација на Македонија. На годинешното 22.издание на Скопскиот маратон се трчаат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Со почит, Министерство за спортТагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter