Заев: Политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени

Премиерот Заев на Форумот за младинско лидерство во Нови Сад: Политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени во своите земји и во регионот

-Трансформацијата која започна да го менува регионот и која создава услови да ги аплицираме и примениме европските стандарди во секојдневието и во комуникацијата меѓу народите во регионот, и нема поубава порака за нашата иднина за десетина години од сега отколку кога младите луѓе се собрани на едно место да испратат порака дека се охрабрени и мотивирани и дека сакаат да активно да учествуваат во креирањето, за сопствената иднина во регионот и во Европа, истакна денеска Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев Учество на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности.“ во рамки на Четвртиот Форум за младинско лидерство што се одржа во Нови Сад.

„Политичките лидери од регионот треба да ги обезбедат сите услови за младите да го прифатат бранот на промени тука, во своите земји, во регионот и да станеме конкурентен дел на Европа. Регионот се менува и тоа е незапирлив процес, а младите треба да се двигатели на тие промени. Не може да чекаме некој друг да ни помогне“, истакна премиерот Заев.

Тој потенцираше дека Треба да ги обезбедиме сите услови младите да учествуваат во изнаоѓањето решенија за предизвиците и проблемите со кои се соочува нашиот регион и Европа.

„Сите сме охрабрени од потенцијалот на нашиот регион да произведува соработка, добри вести, реформи и решавање на проблемите, како и од пријателствата што ги имаме ширум Европа и светот. Сите сме силно мотивирани да направиме повеќе од нас и за нас за да му докажеме на целиот свет дека национализмот, конфликтите и проблемите се зад нас, а прогресивниот дух, желбата за соработка и решавање на заедничките проблеми се пред нас“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев за одлуката да не им биде овозможен старт на преговорите на нашата земја и на Албанија, и која имаше силно негативно влијание во целиот регион, потенцираше дека таа не смее да влијае на мотивацијата за трансформацијата на општествата во земјите на Западен Балкан, и дека реформите и промените согласно европските стандарди треба да добијат на уште поголема динамика.

„Пред неколку години тешко седнувавме на маса, а сега покренуваме заеднички иницијативи, соработуваме, си помагаме, се изградија видливи пријателства. Тоа го правиме преку Берлинскиот процес и Регионалната економска област. Но, тоа го правиме и преку процесот за напредна регионална соработка која ја инициравме со претседателот Вучиќ и премиерот Рама. Направивме искрена и корисна иницијатива отворена за сите од регионот. Низ дијалог, пријателство, низ соработка, со шанса за младите ќе ги забрзаме развојните процеси во овој дел на Европа интерес на младите“, нагласи премиерот Заев на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности.“, како и на прес конференцијата веднаш по повод Четвртиот Форум за младинско лидерство што се одржа во Нови Сад.

Цел град во мрак: Невреме го покоси Хјустон, најмалку четворица загинати

Четири лица загинаа во силно невреме во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Две лица загинаа кога врз нив паднаа дрвја, кои беа соборени од ветрот, кој за време на невремето достигна брзина и до 160 километри на час, пренесува АП.

Без струја останаа околу 870.000 потрошувачи. Невремето собори дрвја и искрши прозорци на високи згради, а локалните власти ги повикаа жителите да останат внатре.

Голем дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа покриени со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла беа исклучени низ градот, рече градоначалникот Џон Витмајер во интервју за локалната телевизија.

Зборувајќи од центарот за итни операции во градот, Витмајер рече дека невремето го погодило Хјустон, на брегот на Персискиот залив во југоисточната американска држава Тексас и најнаселен урбан центар во државата, со ветрови од 129-161 километар на час.

Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно.

Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица.

Полската армија нуди летни кампови како алтернативна сезонска работа

 Војската на Полска ја проширува доброволната програма за воена обука за граѓаните и воведува летни кампови, со цел да регрутира војници со скратено работно време во неизвесните времиња по руската инвазија врз Украина.

- Првпат летово стартува програмата наречена „Одмор со армијата“, соопшти полското Министерство за одбрана.

Мажите и жените на возраст од 18 до 35 години, кои имаат полско државјанство можат да се пријават за 27 дена основна воена обука во една од 70-те воени бази, за што ќе добијат плата од 1.520 долари.

- Понудата првенствено е наменета за матуранти, но и за студенти и лица кои бараат работа за време на празниците. Воениот рок може да стане алтернатива на сезонската работа, се наведува во соопштението.

Обуката ќе се состои од гаѓање, ориентација на терен, блиска борба, ракување со радиоопрема и воени возила.

Граѓаните кои ќе ја завршат програмата можат да одлучат дали ќе станат професионални или резервни војници или членови на волонтерски единици за национална безбедност.

Понудата е дел од проширувањето на еднодневните цивилни курсеви кои се организираат од 2022 година под името „Тренирај со армијата“ и се многу популарни.

притисни ентер