АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
Здравје Заборавете на јаболковиот оцет, сега луѓето пијат маслиново масло со лимон: Стручните лица објаснуваат каков ефект има оваа комбинацијаНов тренд ги освои социјалните медиуми, а главните состојки се маслиновото масло и сокот од лимон. Додека многумина тврдат дека оваа комбинација ја чисти кожата и го подобрува варењето на храната, експертите имаат малку поинакво мислење.Комбинацијата лимонов сок и маслиново масло е совршен додаток во секоја салата, но дали би ја испиеле одеднаш? Токму тоа го прават бројни „велнес“ ентузијасти на Tикток и Инстаграм, тврдејќи дека овој „магичен напиток“ обезбедува сјајна кожа, го забрзува варењето на храната и помага во детоксикација на телото. Нутриционистите објаснуваат дека овие „здравствени шотови“ постојано излегуваат од мода – само помислете на трендот со јаболков оцет, ѓумбир или сок од алое вера. Но, дали постои научна основа дека пиењето чисто маслиново масло со лимон носи конкретни здравствени придобивки? Чувари на срцето и крвните садови Научно е докажано дека маслиновото масло е здраво. Тоа е основа на медитеранската исхрана, го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за дури 25 проценти. Нутриционистката Мишел Рутенштајн за „Гардијан“ објаснува дека тајната лежи во мононезаситените масти, кои го намалуваат лошиот холестерол, но и во полифенолите, растителни антиоксиданси кои го намалуваат воспалението и оштетувањето на клетките. Од друга страна, една лажица лимонов сок обезбедува само 6 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Иако овие две состојки се хранливо богати, Рутенштајн предупредува дека со нивно пиење во комбинација, губиме клучна предност. Имено, маслиновото масло му помага на нашето тело да апсорбира здрави соединенија од зеленчук, како што се лутеинот од зелениот лиснат зеленчук или ликопенот од доматите. Таа советува „Многу е покорисно со овој напиток да се прелие добра салата“. Сјајна кожа и подобро варење? Кога станува збор за тврдењата дека овој напиток го чисти тенот и го решава проблемот со акните, дерматологот д-р Лорен Кол истакнува дека ова е најверојатно резултат на елиминирање на шеќерот и преработената храна од исхраната, а не на самото масло. За здрава кожа, таа советува да се користат докажани серуми со витамин Ц наместо да се пијат „здрави шотови“. Сепак, кога станува збор за варењето, овој тренд до одреден степен држи вода. Докажано е дека маслиновото масло делува како природен лубрикант за дигестивниот систем и помага при запек, додека сокот од лимон може да го стимулира производството на желудочна киселина. Сепак, експертите предупредуваат дека луѓето склони кон киселини, како и оние со проблеми со жолчното кесе, треба да избегнуваат пиење на ваквата смеса бидејќи може да предизвика силна болка и непријатност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter