„За првпат по 23 години, јас и останатите пациенти ќе добиеме лек од државата“ - Канал 5

„За првпат по 23 години, јас и останатите пациенти ќе добиеме лек од државата“

- Оваа година, првпат по 23 години, јас и останатите пациенти ќе добиеме лек од државата, што е голем чекор напред. Претходно, овие болести не се третираа во Македонија, се третираше пред пет години Хантер синдром од кој беа заболени три деца кога во 2009 година беше отворена програмата за ретки болести на Министерството за здравство. Оваa година се прошири таа програма и сите пациенти со ретки болести полека ќе ги добијат лековите кои им следуваат, истакна Алексовска.

„За првпат по 23 години, јас и останатите пациенти ќе добиеме лек од државата“
Лизозомните болести на натрупување се група на ретки болести која се состои од повеќе од 45 наследни метаболички болести кои настануваат како последица на неможноста за разградување на различни молекули во лизозомите
.
Кај повеќето од овие ретки болести, како што појасни претседатеката на Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ Весна Алексовска, кога се прима лекот, симптомите се намалуваат или целосно исчезнуваат.

- Оваа година, првпат по 23 години, јас и останатите пациенти ќе добиеме лек од државата, што е голем чекор напред. Претходно, овие болести не се третираа во Македонија, се третираше пред пет години Хантер синдром од кој беа заболени три деца кога во 2009 година беше отворена програмата за ретки болести на Министерството за здравство. Оваa година се прошири таа програма и сите пациенти со ретки болести полека ќе ги добијат лековите кои им следуваат, истакна Алексовска.

Појасни дека се уште нема точна бројка на заболени од ретки билести и дека регистарот е во изработка, но се претпоставува дека бројката ќе стигне до 2.000 пациенти. Од лизозомните болести, со болест на Гоше, информира Алексовска, боледуваат 8 пациенти кои ќе примаат терапија од државата и по двајца панциенти боледуваат од Хантер синдром и Моркио синдром.
Болеста Гоше се манифестира во три типови, но во Македонија е присутен тип 1 кој се манифестира со зголемување на слезината, зголемување на црниот дроб, кршливи коски, намалени тромбоцити и хемоглобин, намалена енергија и друго.

Според дефиниција, ретки болести се оние кои се појавуваат на помалку од пет луѓе на популација од 10.000. Во светот се откриени шест до седум илјади различни ретки дијагнози, а во Европската унија од ретки болести боледуваат 20 до 30 милиони луѓе.
Заболените од ретки болести и членовите на нивните семејства се со еднакви потешкотии кои произлегуваат токму од реткоста на нивната болест. Проблемите се многубројни, од поставување конечна дијагноза, пристап до адекватно лекување, до социјална исклученост и живот на маргините на општеството.

По повод Интернационалниот ден на Болест на Гоше - 1 Октомври, денеска во Кинотека на Македонија беше отворена патувачката регионална изложба на фотографии на тема „Лизозомни болести на натрупување“ која го прикажува животот на пациенти и семејства од Хрватска, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Ким Кардашијан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ги откри импресивните димензии на нејзиниот иден гардеробер. 

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Риалити ѕвездата има простор од приближно 743 квадратни метри, наменет исклучиво за складирање облека и модни додатоци, а снимките од овој простор предизвикаа бројни критики, објави Јаху.

Многу обожаватели ја обвинија дека целосно го изгубила контактот со реалноста на обичните луѓе, оценувајќи дека покажувањето на такво богатство е несоодветно во време кога многумина се соочуваат со финансиски тешкотии.

Ким Кардашијан гради гардеробер од 743 квадратни метри

Оваа тема повторно беше дискутирана во реалното шоу „Кардашијан“, кога Кајли Џенер и Кортни Кардашијан разговараа за реновирање на своите домови. Разговорот набрзо се сврте кон проектот на Ким Кардашијан, откако Кајли ги спомена неверојатните димензии на идната гардероба на нејзината сестра.

„Кортни, ова е всушност најлудата работа што некогаш сум ја видел“, рече Кајли, зборувајќи за просторот наменет за облеката на Ким.

Кога ја прашаа дали мисли дека проектот е претерување, Кајли призна дека го сметала за „малку навредлив“, објаснувајќи дека нејзината сестра има толку многу работи од кои не сака да се откаже.

На снимката прикажана во шоуто на Ким Кардашијан, таа им ја покажа на гледачите работата во нејзината куќа и откри дека целата соба, со површина од приближно 743 квадратни метри, ќе стане нејзин гардеробер.

„Целата оваа соба е мојот гардеробер“, објасни ѕвездата, додавајќи дека ќе има и дополнителен простор за складирање под земја.

Дури и Ким призна дека можеби претерала со своите планови.

„Реков на мајка ми дека мислев дека малку претерав“, призна таа.

Обожавателите ја обвинуваат дека изгубила контакт со реалноста

Откако беше објавена снимката, многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа големината на гардероберот, доведувајќи во прашање потребата од толку многу простор. Некои веруваат дека ова прикажување на луксуз е нечувствително кон луѓето што се соочуваат со финансиски тешкотии.

„Луѓето низ целиот свет страдаат, особено во моментов. Јас го сметам ова за невкусно и одвратно“, напиша еден корисник на Reddit, додека друг додаде:

„Таа е целосно без контакт со реалноста“.

Друг корисник го истакна растечкиот јаз помеѓу екстремно богатите и оние кои работат напорно за да сврзат крај со крај. Тој го критикуваше она што го опиша како раскошно прикажување на богатство и недостаток на социјална свест.

Некои признаа дека ваквите сцени ги натерале да престанат да го гледаат реалното шоу на семејството Кардашијан. Тие рекоа дека шоуто станало постојан приказ на луксуз, а не на забава.

Ким Кардашијан има колекција од околу 30.000 предмети

Гардероберот од 743 квадратни метри на ријалити ѕвездата не е единствениот импресивен простор посветен на нејзината облека.

Во 2022 година, Ким Кардашијан покажа огромен магацин каде што ја чува својата модна архива, која вклучува приближно 30.000 предмети облека и додатоци собрани низ годините.

Другите сестри не ги избегнаа коментарите од корисниците на интернет.

YouTube video

Некои се потсетија на теретаната на Клое Кардашијан, за која се тврдеше дека има околу 929 квадратни метри, како и обемната работа во куќата на Кортни, која вклучува бројни камини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“.

Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола.

Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени.

Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење.

Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Во Брисел самит, а во Скопје дебата околу извештаите на ЕУ за владеењето на правото.. 

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Корупцијата го кочи напредокот на земјата кон Унијата, затоа е потребно функционално владеење на правото и доследното спроведување на законите за враќање на довербата во правосудството, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Тој во видео обраќање пред македонските пратенции во дебата посветена на владеењето на правото порача дека земјава ги спровела реформите и дека доколку го надмие спорот со Бугарија може да биде предводник во преговорите со ЕУ. Дека е потребно усвоените реформи во правосуството да не останат на хартија, туку да се спроведат и на дело од дебатата порачаа и швајцарскиот и шведскиот амбасадор во земјава.

За последните оценки во Извештајот за напредокот на земјава во однос на влАдеењето на правото и борбата против правосуството ставовите ги вкрСтија и власта и опозицијата.

На собраниската дебата беа презентирани забалешките за владењето на правото кои се повтруваат во псоледните три извештаи од Европската Комисија, а кои пред се се однесуваат на борбата против корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер