„За нас почнува живот“ вечерва на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во Кисела Вода - Канал 5

„За нас почнува живот“ вечерва на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во Кисела Вода

Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината.

„За нас почнува живот“ вечерва на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во Кисела Вода

Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Вечерва, 04.01.2025 (недела) со почеток во 20:00 часот, на програмата на вториот фестивалски ден е театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“.

Режијата е на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви. Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Влезот е бесплатен, а поради ограничениот број места потребна е резервација на карти со пријавување до 04.01.2026 година до 16:00 часот.

Божикниот театарски фестивал продолжува и утре, 05.01.2026, со богата програма: во 18:00 часот претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во режија и по сценарио на Десанка Глигоријевиќ, со Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски, како и во 19:30 часот претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.

Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал, кој се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

По повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска  ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер