„WhatsApp“ работи на нови начини за зголемување на приватноста - Канал 5

„WhatsApp“ работи на нови начини за зголемување на приватноста

Тимот на „WhatsApp“ работи на нови начини за зголемување на приватноста и намалување на непријатностите.

„WhatsApp“ работи на нови начини за зголемување на приватноста

Наскоро на корисниците ќе им бидат достапни три нови функции кои ќе помогнат да се постигнат тие цели.

Првата е функцијата овозможува тивко напуштање групен разговор. Ова значи дека можете да излезете од групен разговор без непријатно збогување. Корисниците во групата нема да бидат известени но администраторите на групата ќе добијат известување.

Следно е нешто што се подготвува подолго време - опцијата да се контролира кој може да види кога сте онлајн.

Оваа опција може да се постави за сите, само за вашите контакти, за вашите контакти со некои исклучоци и за никој.

И оваа и опцијата за тивко напуштање на групите ќе бидат достапни за сите корисници подоцна овој месец.

Конечно, многу важно ажурирање на неодамнешната функција „View Once“. Функцијата им овозможува на корисниците да испратат фотографија или видео кое исчезнува откако примачот ќе ги отвори. Сепак, имаше голем недостаток - другиот корисник можеше само да ја сними сликата од екранот.

Работата на блокирањето на снимање на екранот е речиси готово, но од „WhatsApp“ нема информација кога ќе се појави на корисниците.

„WhatsApp“ започнува и едукативна кампања за да ги научи луѓето какви опции имаат и како да ја задржат својата кореспонденција приватна, пишува „GSM Arena

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

Зеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

По официјалната церемонија стартуваше разговорот меѓу Вучиќ и Зеленски, соопшти службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Посетата на Зеленски на Белград, која е прва откако тој е на чело на Украина, и разговорите со српскиот претседател се во фокусот на јавноста поради блиските релации на Србија со Русија – владата предводена од СНС на Александар Вучиќ не се приклучи кон санкциите кои ЕУ и ги наметна на Москва по стартот на инвазијата врз Украина.

Додека Зеленски е во Србија, утрово Киев повторно беше мета на жесток ракетен напад во кој загинале најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Со итен медицински транспорт, од Турција денеска во земјава се префрла младото момче кое се здобило со тешки повреди на вратните пршлени по пад од тобоган во Кушадаси. 

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Транспортот го организира министерството за здравство со владиниот авион, со придружба од специјален тим од клиниката за трауматологија. Последните информации ги има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер