„Вреди“ неделава треба да се трансформира во партија - Канал 5

„Вреди“ неделава треба да се трансформира во партија

Неделава се очекува да почне трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија откако Алијанса за Албанците на Арбен Таравари одлучи да оди на претстојните локални избори со сопствени листи за советници. 

„Вреди“ неделава треба да се трансформира во партија

Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити деновиве во интервју нагласи дека од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Тој информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.

Како што наведе Меџити и вчера обединувањето на партиите во Коалицијата Влен во една партија е одраз на барањата на гласачите присутни уште од самиот почеток, и оти многу лесно се одвива процесот на претопување во една партија, на кој, вели, очигледно се спротивставува Таравари.

Меџити потврди дека лидерите од коалицијата завчера имале средба во Струга на која било договорено новиот политички субјект да има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, заеднички медиумски центар. Во овој процес кој ќе се одвива во наредните десетина дена, треба да се формира работна група која ќе работи и на правните прашања околу формирањето на новиот политички субјект.

Во однос на тоа кој би бил претседател на партијата, тој кажа дека тоа најверојатно би можел да биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не исклучи можност и за нова личност.

- Идејата ни е да станеме нов политички субјект кој ќе биде поголемиот во албанскиот политички кампус, и во албанскиот кампус да има две опции - Влен и Европски фронт или Влен и ДУИ, кои носат плурализам и демократија, борба на платформи и идеи, проекти, потенцира Меџити.

Тој оцени дека доколку Таравари се решил за соработка со ДУИ, тоа треба и јавно да го обзнани, и етички е, вели, да ја напушти Владата.

Меџити очекува и на локалните Влен да биде апсолутен победник и по број на градоначалници и советници на советничките листи, бидејќи вели ќе понудат соработка и партнерство со невладиниот сектор и со најквалитетните Албанци, некаде ќе поддржат и независни кандидати ако се такви проценките, а како адут ги потенцира и вложувањата на власта од милијарда евра во проекти во локалните самоуправи.

Претседателот на Собранието Африм Гаши завчера во објава на Фејсбук напиша дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.

- Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.

Најавите на Меџити за нова партија следуваат само неколку дена по одлуката на Централното претседателство на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, кое одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници.

Таравари минатата недела нагласи дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди и откри дека е во комуникација со лидерот на итегративците Ахмети и оти не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на вториот круг од локалните. Таравари рече и дека доправа ќе се одлчува дали ќе остане во Владата

-Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не - ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот, рече Таравари.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека имал краток телефонски разговор со министерот за здравтство и лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

-Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави ТВ 21.

Ахмети ги повика лидерите на коалицијата „Влен“ да ги напуштат институциите и да не бидат, како што рече, слуга.

-Со ангажманот на политичките партии на Вреди во извршната власт, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето, за да не бидат дел од девалвацијата на Албанците, рече Ахмети и посочи дека Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки и дека тие се само слуга и тоа што ќе им каже агата тоа го прават.

Централното претседателство на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари на 15 април во Тетово одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Како што изјави Таравари по седницата, оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Влен“ и во состав на Владата.

На 16 април, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција беше истакнато дека „Влен“ смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере.

„Влен“ не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според лидерот на Демократското движење Изет Меџити, се самоисклучил. Тој тогаш оцени дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега, кажа, нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.

Дали и како поделбите во Вреди ќе се одразат врз функционирањето на владината коалиција, ќе се знае по средбите на премиерот Христијан Мицкоски со раководството на „Влен“ и со Таравари, кои се очекува да се одржат деновиве.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка на четири деца е убиена во својот автомобил- деверот ја убил поради одмазда

Една недела откако мајката на четири деца од Тексас беше застрелана и убиена во автомобилот на нејзиниот роденден, само неколку часа откако поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, полицијата соопшти дека го уапсила нејзиниот девер.

Мајка на четири деца е убиена во својот автомобил- деверот ја убил поради одмазда

Една недела откако мајката на четири деца од Тексас беше застрелана и убиена во автомобилот на нејзиниот роденден, само неколку часа откако поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, полицијата соопшти дека го уапсила нејзиниот девер во врска со нејзината смрт!

Во неделата, на 22 ноември, 29-годишниот Хуан Гонзалес-Ордуна беше приведен и обвинет за убиство на Стефани Гонзалес (35), потврди полицискиот оддел на Далас, објави Пипл.

Синот на Хуан, Хозе Антонио Самудио Гонзалес, осомничен дека ја застрелал жртвата, останува во бегство. Во неделата, 15 ноември, околу 21:14 часот, полицијата во Далас одговорила на пријава за пукање на источната страна на Ц.Ф. Автопат Хоун, во близина на блокот 5500.

Според изјавата на налогот за апсење, Гонзалес се враќала дома кога друго возило удрило во нејзиниот автомобил на автопатот. Тој ден и беше роденден.

Откако се повлече на страната на патот за да пријави сообраќајна несреќа, таа можеше да се слушне како вреска за време на повикот на 911 додека одекнаа истрели, се наведува во документот.

Болничарите итно ја префрлиле во локалната болница, каде подоцна била констатирана смрт. Според соопштението, на снимката од сообраќајната камера во близина се гледа како црн форд мустанг бега од местото.

Инспекторите подоцна го пронашле возилото на паркингот во станбениот комплекс Ален, каде што сведок им кажал дека неговиот вујко Хуан Гонзалес-Ордуна и братучед Хозе Гонзалес побарале да го позајмат автомобилот, соопштија властите.

Кога го вратиле автомобилот, наводно му рекле дека го оштетиле така што ненамерно удриле во бандера, стои во изјавата.

Кога инспекторите разговарале со пријателите на Гонзалес, тие тврделе дека таа започнала врска со колега и планирала да се разведе од нејзиниот сопруг Луис Гонзалес, објави CBS News, цитирајќи ја изјавата.

На денот на убиството таа наводно му кажала на сопругот дека сака развод и двајцата се скарале. Инспекторите рекоа, според изјавата, тие веруваат дека Хуан Гонзалес-Ордуна и Хозе Гонзалес го позајмиле автомобилот на сведокот, ги отстраниле регистарските таблички и удриле во автомобилот на Стефани Гонзалес за да ја натераат да застане.

Откако таа застана, снимките од надзорните камери покажаа дека тие се креваат пред неа и ја блокираат, се вели во изјавата. Хуан Гонзалес-Ордуна го возел Мустангот, соопштија властите. Луис во моментов не е осомничен.

Гонзалес е мајка на четири деца, меѓу кои и дете помало од една година.

„Збунета сум, повредена и загрижена сум за неа... нејзините бебиња дома“, изјавила пријателката на Гонзалес, Емили, пренесуваат медиумите. „Знам колку ги сакаше“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција

Американската војска утре ќе спроведе планирана детонација на застарени залихи од токсични експлозиви на база на олово во рурална Ајова, изјави вршителот на должноста секретар на армијата Адам Теле.

Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција

Американската војска утре ќе спроведе планирана детонација на застарени залихи од токсични експлозиви на база на олово во рурална Ајова, изјави вршителот на должноста секретар на армијата Адам Теле, откако федералниот апелационен суд ја укина забраната за операцијата.

Теле изјави на платформата X дека одлуката за продолжување на операцијата е донесена со „консензус“ на сите вклучени федерални агенции, со одобрение од судовите и државните службеници, објави Ројтерс.

Тој додаде дека отстранувањето на материјалот ќе се спроведе во координација со државните, локалните и федералните власти.

Планот предвидува две контролирани детонации на 68 буриња, или речиси 4.500 килограми (10.000 фунти) застарен оловен азид, хемикалија што се користи во муниција.

Операцијата ќе се спроведе во објект за муниција на армијата во Мидлтаун.

Еколошките групи се обидоа да ја спречат операцијата со тужба, предупредувајќи дека експлозиите би можеле да ослободат облак од токсична оловна прашина што би ги загрозил жителите, посевите и добитокот во областа.

Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) процени дека контролираната детонација е помалку ризична од можна спонтана експлозија на нестабилен материјал, чиј ризик се зголемува со ладење.

Според неа, хемиската неутрализација или поместувањето на бурињата би носело и ризик од неконтролирана експлозија.

Апелациониот суд на САД за осмиот округ минатиот четврток привремено ја блокираше дозволата на EPA, но вчера ја укина забраната, отстранувајќи ја последната законска пречка за операцијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ѝ нареди на војската да ја одложи детонацијата додека судот не пресуди во нејзина корист.

Актуелната гувернерка на Ајова, Ким Рејнолдс, го активираше центарот за итни случаи за координирање на државните и федералните агенции, додека новоизбраниот гувернер Роб Санд рече дека одлуката треба да ја донесе администрацијата врз основа на проценките на експертите ангажирани на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сонцето во град на Алјаска повторно ќе изгрее дури на 23 јануари 2027 година (ВИДЕО)

Додека во повеќето делови од светот промената на денот и ноќта се случува речиси незабележливо, постојат места каде што природата наметнува сосема поинаков ритам на живот.

Сонцето во град на Алјаска повторно ќе изгрее дури на 23 јануари 2027 година (ВИДЕО)

Во некои делови од планетата, сонцето не изгрева над хоризонтот со денови, па дури и недели, во текот на зимските месеци. Жителите на таквите области мора да се прилагодат на долги периоди на темнина, екстремен студ и услови што за многумина е тешко да ги замислат.

Најсеверниот град во Америка

Едно од овие места е Уткиагвик во Алјаска, најсеверниот град во САД, каде штотуку започна поларната ноќ што ќе трае 65 дена.

Сонцето последен пат зајде над хоризонтот во среда, 18 ноември, во 13:42 часот по локално време, а ќе се појави повторно на 23 јануари, кога се очекува да изгрее во 13:03 часот.

Овој град е дом на околу 5.000 луѓе и се наоѓа на приближно 71 степен северна географска ширина, објавува Firstpost.

Сепак, ова не значи дека ќе има целосен мрак во овој период. Околу пладне, на јужниот хоризонт се појавува зона на самрак, која трае околу шест часа на почетокот на поларната ноќ. Како што се приближува Божиќ, овој период на светлина постепено се скратува на околу три часа.

Градот се викал Бароу до 2016 година, кога жителите гласале за враќање на старото име на јазикот Инупијат. Резултатот бил многу тесен - 381 глас за промената и 375 против.

Нема патна врска

Новото име официјално е усвоено на 1 декември истата година. Уткиагвик најчесто се преведува како „место за собирање диви корења“.

Зимата тука е сурова дури и според арктичките стандарди. Во јануари, просечната ниска температура е околу минус 28 степени Целзиусови, додека просечната месечна температура е околу минус 24 степени. И покрај сè, секојдневниот живот во градот не запира.

Уткиагвик не е поврзан со остатокот од Алјаска по пат, па затоа храната и другите залихи се транспортираат со авион или брод, или со баржа. Затоа, ловот е сè уште важен дел од животот на локалното население.

Поголемиот дел од жителите се членови на народот Инупијат, чии традиционални активности и начин на живот се прилагодени на суровите арктички услови.

YouTube video

Храна во ледените подруми

Ловците ловат китови со грофовија (Balaena mysticetus) секоја пролет и есен, во рамките на квоти утврдени од федералната влада и распределени меѓу заедниците на китоловци во Алјаска.

Месото и муктукот, традиционална храна што се состои од кожата и салото на китот, се делат меѓу членовите на заедницата. Некои семејства сè уште го складираат месото во традиционални ледени подруми, познати како сиџлуак, кои се копаат во трајно замрзнатата земја, или пермафрост.

Главен извор на пари за функционирање на областа е нафтената индустрија. Даноците на имот на нафтените полиња во заливот Прудо и околните области финансираат училишта, здравствени установи и водоводна и канализациска инфраструктура.

Оваа административна област опфаќа приближно 95.000 квадратни милји (245.500 квадратни километри), што ја прави поголема од американската држава Минесота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер