Македонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во Сараево
1Македонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во Сараево
„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
2„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
Свет„Волстрит џурнал": САД и ЦИА тајно евакуираат граѓани од КабулАмериканските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромот во Кабул, пишува „Волстрит џурнал"Според весникот, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери. Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои извлекуваат сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани. Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и започна евакуација, талибанците започнаа офанзива против авганистанската Влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога го зазедоа главниот град Кабул без борба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во СараевоНово одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика.Ново одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика, преку резултатот на 19-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која од 22-ри до 28-ми септември се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, беше составен од натпреварувачите Зоран Илијоски од Кичево, Јаков Грујовски од Скопје, Панче Бансколиев од Струмица и Иан Стевков од Скопје. Тие беа предводени од лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во улога на претседател на БОИ иницијативата, дел од тимот беше и проф. д-р Миле Јованов од ФИНКИ. Овој тим освои еден бронзен медал и една олимписка пофалба. Заедно со овој резултат, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави. Членовите на македонскиот олимписки тим беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари кој редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија, годинава по 37-ми пат, а со поддршка на ФИНКИ, како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос Едукација. Официјален домаќин на олимпијадата е Босна и Херцеговина, во организација на асоцијацијата „Информатички олимпијади во Босна и Херцеговина“, а под генерално финансиско покровителство на државата. На олимпијадата учествуваат вкупно 55 натпреварувачи од следниве 10 земји членки: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција, како и од земјите гости: Саудиска Арабија, Украина и Велика Британија. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Зоран Илијоски, додека олимписката пофалница ја освои Панче Бансколиев. Следната, 20-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2027) ќе се одржи идната година во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБританската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска базаПетмина мажи се уапсени под сомнение за подготовка на терористички напад со експлозивни направи откако беа пријавени три „сомнителни возила“ кои се движеле кон база на Кралските воздухопловни сили, соопшти полицијата.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничените планирале да нанесат „голема штета“ и дека биле под истрага на британските и американските власти. Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека бил во контакт со својот американски колега Пит Хегсет..Во меѓувреме, министерството за одбрана на САД го зголеми нивото на закана во базата во Сафолк - каде што се наоѓа 48-то борбено крило на американските воздухопловни сили - на втора највисока категорија. BREAKING: 🇬🇧 Multiple men arrested in the village called Whelford right next to the big air base RAF Fairford where the American planes stay. Army bomb experts are checking some cars there. News around the village said the cars might have been set up to explode The air base is to its highest alert. Another base, RAF Lakenheath, went up to the second-highest alert after something similar happened. Police with guns blocked all the roads in and out of Whelford. They made people leave their houses. Two police helicopters are flying over the village. The village sits right beside where the big bomber planes park. — Megatron (@Megatron_ron) September 27, 2026 Полицијата, сè уште јавно не соопшти кој, според нивните проценки, бил вмешан во случајот. Како најверојатен се смета мотивот поврзан со Иран, изјави извор запознаен со истрагата, додека се разгледуваат и можностите за руска саботажа или заговор од страна на исламисти, јавува „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека околу базата е поставен безбедносен кордон во радиус од 400 метри, додека тимот за отстранување експлозивни направи ги прегледува комбињата. A bomb disposal robot has been used at the scene of the incident in the village of Whelford. The vehicle appeared to be inspecting large white vans. Sky's @KamaliMelbourne reports on what is known so far. https://t.co/pbFbjT2Ano Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 https://t.co/hwH9iQgxgH — Sky News (@SkyNews) September 27, 2026 Жителите на 85 куќи во блиското село се евакуирани, а вооружени полицајци патролираа на локацијата.Британската влада, им даде дозвола на САД да ги користат бомбардерите стационирани во Ферфорд за напади врз иранските ракетни позиции што гаѓаа бродови во Ормускиот теснецКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во СалцбургПретседателката Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа сè уште е глобален играч?“. Предвидено е Претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на Сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург, наведуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова. Таа синоќа присуствувавше на свечениот прием за учесниците на самитот, приреден од градот Салцбург и сојузната покраина Салцбург. Претседателката вчера се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Австрија. Таа ги информираше за националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter