„Воинот на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски со напомена дека е дел од хеленскиот антички период

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет.

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

- „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е - Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Според него, овој споменик нема да се урива туку тој ќе остане како симбол на пријателство помеѓу Република Македонија и Република Грција.

- Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигрно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се, рече Бошњаковски.

Посочувањето на хеленската култура, како историско и цивилизациско наследство на светот, на споменици од „Скопје 2014“ е предвидено со договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот со името. /МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

притисни ентер