Во светот до сега има 6,702,767 лица заразени со новиот коронавирус од нив починале 393,212 ,а оздравеле 3,251,608

Според последните податоци, во светот до сега има над  6 милиони и 700 илјади од нив починаа оклу 390 илјади, а оздравеа  над 3 милиони.

Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако вчера министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја. Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Шпанија вкупниот број починати од коронавирусот изнесува 27.133 лица, пет повеќе од претходниот ден.

Во Србија вчера беа регистрирани 48 нови случаи на ковид 19 , таму бројот на заразени се искачи на 11 571.

Во приватен дом во Петроварадин-Нови Сад, регистрирано е присуство на вирусот кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека регистриран е еден смртен случаи од ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер