​Во Кисела Вода започнува имплементација на проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON - Канал 5

​Во Кисела Вода започнува имплементација на проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON

Од денес, Кисела Вода е првата и единствена општина во Македонија каде што се спроведува проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON, преку партнерството на Дигитал Виздом – Скопје и Институтот за Екологија од Словенија. 

​Во Кисела Вода започнува имплементација на проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON

Во Домот на културата “Билјана Беличанец”, денес се одржа првата од трите предвидени работилници чија цел е поттикнување на системски промениво во насока на намалување на загадувањето и постигнувањето климатска неутралност. Проектот поттикнува соработка меѓу повеќе засегнати страни, применувајќи решенија засилени со вештачка интелигенција и добри практики од успешни градови како Љубљана за да постигне одржлива урбана трансформација. Настанот го отвори заменик градоначалникот на Општина Кисела Вода Иван Митровски, по што говореа д-р Сашо Јосимовски – Професор на Економски факултет – Скопје при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиj„ и EU R&D Expert и проф. д-р Барбара Бежнец – Член на Словенска Академија на Науките и Уметностите и на Институт за Екологија – Словенија.

- Кисела Вода е лидер во бројни иницијативи: прва општина членка на OGP, со веќе објавен акциски план; поставени пречистувачи во училишта и паркови; фотоволтаици во сите училишта; мерни станици за квалитет на воздухот; работиме на поддршка за одржливи локални стартапи и иновативни образовни програми; отворање на податоци за истражувачка и граѓанска употреба; поврзување на универзитетите со општествените предизвици – од урбано планирање, до енергетска ефикасност и здравје, спроведуваме бројни акции за пошумување, она што е најново, промовиравме и зелена апликација „City and Me“ која ги поттикнува граѓаните поеколошки да живеат, но и бројни други проекти.Нашата цел е јасна – постигнување на климатска неутралност. За тоа работиме заедно со граѓаните, со фокус на одржлив развој, иновации и транспарентност.

Денес започнуваме еден важен проект кој има за цел да придонесе кон позелена иднина за сите нас. Нашата општина досега направи сериозни чекори на полето на екологијата и одржливиот развој, но знаеме дека процесот е континуиран и бара постојана посветеност. Токму затоа, посебна чест ми е што денес со нас е и претставничка од Љубљана – град кој има бројни достигнувања на ова поле и кој за многумина претставува вистински пример како се гради климатски неутрална заедница. Веруваме дека преку оваа соработка со нашите партнери, ќе создадеме позитивни практики и решенија кои нема да останат само во Кисела Вода. Нашата амбиција е резултатите и искуствата од овој проект да послужат како модел и да се применат и во другите општини ширум Македонија. Со тоа, Кисела Вода уште еднаш ќе биде движечка сила и пример за тоа како локалните заедници можат да ја започнат промената кон зелена, одржлива и климатски отпорна иднина-истакна заменик градоначалникот на Општина Кисела Вода Иван Митровски.

Професор на Економски факултет – Скопје при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиj, д-р Сашо Јосимовски подетално говореше за проектот CLIMAS кој треба да ќе поттикне системски промени преку заедничко климатско делување, примена на иновативни решенија и активно вклучување на граѓаните во креирање стратегии за намалување на емисиите. Целта е да се зајакне вклученост на јавноста, да се намали загадувањето и да се постават градовите како лидери во постигнувањето климатска неутралност. Токму затоа, тој истакна дека Кисела Вода, како првоизбрана општина која веќе има изградено солидна плаформа во овие области е вистинскиот избор од каде овој проект треба да започне со имплементација.

За позитивните практики што ги има постигнато Љубљана, како еден од лидерите во имплементацијата на проектот CLIMAS, говореше проф. д-р Барбара Бежнец – Член на Словенска Академија на Науките и Уметностите и на Институт за Екологија – Словенија, која ја истакна подготвеноста да ги сподели добрите искуства.

На настанот на кој со активна дебата зедоа учество и бројни студенти, претставници од бизнис и од граѓанскиот сектор, говореа и м-р Султана Јовановска – докторант на Универзитетот во Љубљана и член на Институт за Екологија – Словенија, Grantee of the HORIZON Project REINFORCING, д-р Мартин Киселички и м-р Теа Јосимовска, како проектниот координатор м-р Данијела Петрушева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Саудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадион вреден 2,5 милијарди долари, кој требаше да биде еден од објектите за Светското првенство во фудбал во 2034 година.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Доцнењата во реализацијата на „Неом“ (Neom) – клучен државен проект – поттикнаа сомнежи за иднината на некои од најамбициозните планови на Кралството. Изградбата на стадионот е ставена во мирување, според податоците на „MEED Projects“, платформа што ги следи градежните проекти во регионот.

Платформата го класифицираше проектот како привремено суспендиран, без одреден датум за продолжување на работите. Стадионот требаше да биде лоциран на надморска височина од 350 метри, во рамките на комплексот „Неом“ долг 160 километри, и беше замислен како еден од најсовремените спортски објекти за турнирот.

Саудиска Арабија ја поднесе својата кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2034 година, при што стадионот во Неом беше вклучен меѓу 15-те предложени локации. Според тогашните извештаи на MEED, стадионот требаше да има капацитет од 46.000 гледачи и да се гради како дел од проектот „The Line“.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ го додели правото за домаќинство на турнирот на Саудиска Арабија. На настанот ќе учествуваат 48 национални репрезентации, а тоа ќе биде првпат првенството да се одржи целосно во рамките на една земја. Стопирањето на изградбата на стадионот покренува прашања за иднината на „The Line“, централниот елемент од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Овој план предвидува целосна економска трансформација на земјата преку низа футуристички мегапроекти. Јасир Ал-Румајан, гувернерот на Фондот за јавни инвестиции (PIF) – кој управува со Неом – во април изјави дека „The Line“ повеќе не е приоритет и не се смета за клучен проект пред 2030 година. Сепак, тој тогаш не потврди експлицитно дека некој дел од проектот е откажан.

Од друга страна, саудиското тело одговорно за организација на турнирот во 2034 година тврди дека реализацијата на клучните градежни проекти за настанот е веќе во тек, наведувајќи фотографии од работите на другите стадиони како доказ.

Одлуката е донесена неколку месеци откако беше запрена изградбата на „Мукаб“, масивен облакодер во форма на коцка, наменет да биде централен дел од новиот кварт Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, PIF се префрла од екстремно скапи мегапроекти кон инвестиции за кои се очекува да донесат побрзи финансиски приноси.

Одлуката во врска со Неом се совпаѓа со растечките економски и безбедносни предизвици за Саудиска Арабија. Извозот на енергија е нарушен поради конфликтот во кој се вклучени САД и Израел против Иран, додека јеменските Хути често ја напаѓаат саудиската инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth).

„Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови.

Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. 

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува.

Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси.

Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени.

Магија. Едноставно кажано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер