„Влен“ станува една партија: Меџити и Касами ќе ја предводат новата политичка сила - Канал 5

„Влен“ станува една партија: Меџити и Касами ќе ја предводат новата политичка сила

Коалицијата „ВЛЕН“ денеска на Конгрес во 17 часот се обединува во единствена политичка партија. 

„Влен“ станува една партија: Меџити и Касами ќе ја предводат новата политичка сила

Од коалиција, во една партија – четирите политички субјекти кои го сочинуваат ВРЕДИ, денеска и официјално стануваат еден политички субјект со двајца претседатели, Билал Касами од БЕСА и Изет Меџити од Демократско движење.. Позицијата генерален секретар на партијата се очекува да оди во рацете на претседателот на Алтернатива и министер за европски прашања – Беким Сали, кој порача дека процесот на зближување завршил успешно и дека сега, како еден политички субјект ќе се залагаат за влез на Македонија во ЕУ.

„Тоа беше еден процес на зближување на пет политички партии со останати неформални политички групации, и тој процес во последниве година и половина беше успешен, и како резултат на таа соработка внатрешна која ја имавме досега успеавме да ја консолидираме и да донесеме заедничка одлука да Вреди биде една политичка партија. Денеска е конгресот на ВРЕДИ, со симболика да, како што сме зближени, се спојуваме во една политичка партија, исто да бидеме како држава сите заедно ориентирани кон нашата интеграција во ЕУ.“

Обединувањето требало да се случи порано, според аналитирачите, кои одолговлеквуањето го припишуваат на жестоката внатрешна битка, пред се на Меџити и Касами за лидерските позиции. Политичкиот Аналитичар, Љуљзим Фаризи смета дека ваквиот потег ќе доведе до соодветна партиска организираност, а ќе делуваат и како едно, со што граѓаните ќе добијат појасна платформа. Воедно вели и дека со ова ќе се редифинира албанскиот политички блок, кој отсега ќе го сочинуваат токму ВРЕДИ и ДУИ. Сепак, смета дека четири идеологии во едно носат ризици, но и желба за државна функција, па во иднина постои можноста повторно да се одберат различни патишта.

„Има четири идеологии, во иднина ќе има два ризици, прво дека секој од лидерите, бидејќи се претпоставува дека ќе има двајца лидери кои ќе ја водат партијата и ова претставува ризик дека и двајцата ќе се обидуваат на терен да имаат повеќе подржувачи, како две фракции внатре, дали ќе бидат од страната на Изет Меџити или Билал Касами. Сега ќе има повеќе конкуренција и во иднина може да побегнат јавно од таа партија. Секогаш постои ризик, бидејќи менталитетот што е создаден кај албанските политички партии е по секоја цена да бидеш функционер на државата.“

Од Коалицијата, која вечерва ќе биде официјализирана како партија, порачаа дека нивната платформа се базира на десноцентристичка ориентација, со фокус на рееална еднаквост на албанците во институциите, правна држава и борба против корупцијата, како и суштинско спроведување на Охридскиот рамковнен договор.

Коалицијата ВРЕДИ беше формирана во 2023 година, на неколку месеци пред парламентарните и претседателски избори во 2024 година, а ја сочинуваат движењето БЕСА, Алтернатива, Демократско движење, како и Самоопределување. Во различни фази и договори имаше и вклучувања на помали структури и поедници. Според информациите, засега надвор од партијата остануваат министерот Фатмир Лимани, и вицепремиерот Арбен Фетаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер