„Виз Ер" на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид - Канал 5

„Виз Ер" на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди.

„Виз Ер" на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

Со лет на „Виз ер" во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје. „Виз Ер" ќе го отвори и аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле" в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

-Затоа авионскиот транспорт ќе биде набезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.

Министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го посетија Скопскиот аеродром и имаше средба со менаџментот на ТАВ, потврди дека во среда, на 1 јули, двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се отвораат.

Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пак, минатата недела разговарал со надлежните во „Виз ер". Рече дека согласно Договорот за финансика поддршка, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради КОИВИД-19

-Протоколот на Меѓународниот аеродрoм – Скопје е според сите светски стандарди. Целосно се застапени основните заштитни мерки – дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, а на влезот е поставена и термална камера. Скринингот ќе продолжи, ќе функицонира и собата за изолација, изјави Филипче по посетата на Аеродромот и средбата со менаџментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град.

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена.

Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани.

Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните.

„Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува во домовите ширум светот.

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува

Кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) претстави хуманоиден робот кој, за време на демонстрација, самостојно извршува низа домашни обврски – од подготовка на храна и чистење до местење на креветот и ракување со апарати за домаќинство. Сепак, сè уште не се знае кога овој робот ќе биде достапен за купување.

Идејата за робот за домаќинство со децении припаѓаше на сферата на научната фантастика, но снимките од кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) прикажуваат хуманоид кој се движи низ домот и извршува разни секојдневни задачи.

Во демонстрацијата, роботот подготвува храна, ги чисти подовите, го мести креветот, ракува со апарати за домаќинство и служи оброци. Тој е претставен како систем способен да преземе дел од домашните обврски и да помогне во организацијата на домаќинството.

Во јуни, Кина покрена национална иницијатива со цел да воведе повеќе од 10.000 хуманоидни роботи во комерцијална употреба, во над 100 различни сценарија за примена, до крајот на 2026 година. Развојот на оваа индустрија е дел од пошироките напори за воведување на роботиката во производството, логистиката, малопродажбата, здравството и други сектори.

Сепак, патот до целосно автономен домашен робот, способен да ги извршува речиси сите домашни обврски, сè уште не е целосно реализиран. Дури и најнапредните хуманоидни роботи сè уште имаат ограничувања, а за посложени задачи, некои системи може да се потпираат на човечки надзор или далечинско управување.

Еден пример е роботот NEO од компанијата 1X, дизајниран специјално за домашна употреба. За разлика од роботот на Unipath – за кој сè уште не се објавени ниту датум на пуштање во продажба, ниту официјална цена – NEO е веќе достапен за преднарачка. Цената за ран пристап изнесува 20.000 долари, иако компанијата нуди и опција за претплата од 499 долари месечно. Се очекува испораките до купувачите во САД да започнат уште кон крајот на 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, асот на Интер Мајами, Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација, а за време на претстојната меѓународна пауза ќе му биде приредено официјално испраќање.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го вклучи долгогодишниот капитен Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, „малиот волшебник“ ќе се прости од репрезентацијата во Буенос Аирес, на 6 октомври, на натпреварот против Бенин.

Пред тоа, Аргентина ќе игра против Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали освојувачот на осум златни топки за најдобар светски фудбалер ќе настапи на тие натпревари.

Меси на 31 август објави дека се повлекува од националниот тим, за кој во текот на кариерата одигра 207 натпревари, постигна 125 гола и забележа 68 асистенции. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка, Светското првенство и „Финалисима“, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер