Култура„Виолин фест“ 2026 – Во духот на класиката, со енерија на младостаФестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката.Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува на 11 мај со концерт во музичкото училиште ,, Боро Џони ‘’ во Струмица каде ќе блеснат 17 виолинисти , ученици во музичките училишта од Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Кочани. Завршниот концерт кој има меѓународен карактер, ќе одржи на 12 јуни во Скопје. „Виолин фест“ е и секогаш ќе биде место кое ги обединува младите музичари од различни средини, создавајќи уникатна можност за афирмација на новите генерации на уметници. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на РМ.Тагови: Виолин фест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутијаИстрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка. Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како "сомнителен заем од кинески пари". Покрај кредитот, тука се и медиумите. Околу 40% од медиумскиот простор во Македонија е дел од Орбановата мрежа. Само неколку дена по падот на Орбан, дел од сметките на таа мрежа во Македонија беа блокирани. Финансирањето од Унгарија беше прекинато. Мицкоски и Драган Павловиќ-Латас мораа итно да организираат ново финансирање. Решението беше најдено преку Алта банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ. Парите одат преку маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ. Алта банка веќе е под истрага поради сомнително потекло на средства. Претходните истраги за перење пари од Словенија, поврзани токму со Орбановата медиумска мрежа, беа запрени од страна на Мицкоски и неговото контролирано обвинителство. Сега Латас доби нова задача. Преку Ивона Талевска се подготвува Euronews Македонија. Лиценцата е купена преку Вучиќ. Euronews Белград веќе работи, а интервјуто на Тимчо Муцунски во Брисел пред повеќе од месец дена беше организирано токму преку оваа врска. Од Септември треба да почне со работа и скопската подружница. Веќе се ангажираат новинари од постојните телевизии. Целта е јасна: целосен медиумски мрак и целосна контрола на информирањето на јавноста. Во таква ситуација, скандалите како труењето на водата во четири града, прикривањето на анализите на водата и слични афери во иднина, едноставно нема да стигнат до јавноста. Истрагите во Унгарија се само почеток. Кога ќе почнат меѓународните истраги за парите што завршија во Македонија, прашањето повеќе нема да биде политичко. Ќе биде кривично. Мицкоски знае што го чека. Затоа и е во паника. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПоловина од тимовите во Евролигата имаат нови тренериЕвролигата ќе ја започне сезоната 2026/27 со голем број нови имиња на тренерските клупи.Дури 10 од 20-те учесници во елитното европско кошаркарско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на минатата сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години. Меѓу клубовите што започнуваат нова ера се Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена ѕвезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, Париз и Дубаи. Враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос е најголемиот кошаркарски трансфер ова лето, исто како и доаѓањето на Педро Мартинез на чело на Реал. Тренерскиот ангажман на Тони Паркер во неговиот клуб Асвел исто така предизвика огромен интерес во јавноста, а вистинско изненадување е и тоа што Ибон Наваро ќе ја предводи белградска Црвена ѕвезда. Дубаи и Барселона направија тренерска размена, па така Словенецот Александар Секулиќ пристигна во Каталонија, додека Чави Пасквал замина во спротивна насока. Алекс Мумбру ќе го предводи Виртус следната сезона, Чави Алберт – Валенсија, а Антон Гавел го наследи Светислав Пешиќ во Баерн Минхен. Последен реагираше Париз, кој официјално објави дека нов тренер на францускиот клуб е поранешниот помошник во Минесота Тимбервулфс, Макс Лефевр.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЦрвен крст на град Скопје: Традиционална крводарителска акција по повод 26 ЈулиВо текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби. На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите. Токму затоа, Црвен крст на град Скопје, на 27 јули, организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ – Скопје, во понеделник, 27.07.2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот. На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници. Една единица крв може да спаси и до три животи. Ова лето, одвојте малку време и дарувајте крв. Тагови: крв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter