„Вечери на поезија“ во Народниот театар во Велес - Канал 5

„Вечери на поезија“ во Народниот театар во Велес

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва започува со циклусот „Вечери на поезијата“, посветени на познати поети по потекло од Велес.

„Вечери на поезија“ во Народниот театар во Велес
Како што информира на прес-конференција Васил Зафирчев уметнички директор на театарот, оваа е нова програмска активност на театарот, секој месец да се одржува по една Вечер на поезијата, а со цел да се афирмира поезијата.

Циклусот започнува вечерва во фоајето на Народниот театар со вечер посетена на поезијата на академик Катица Ќулавкова.

Изборот на поезија го направија Саше Димоски и Васил Зафирчев во консултација со Ќулавкова, а поезијата ќе ја читаат актерите Слободанка Чичевска, Младен Крстевски и Васил Зафирчев.

Катица Ќулавкова е годинашна добитничка на највисоката награда на Велес наградата за животно дело „Гемиџии“, а која заедно со останатите добитници и беше врачена на свеченоста на Општина Велес на 9 ноември.

- Сметаме дека тоа ќе биде наш придонес кон грижата кон поетскиот збор, особено кон поетите и писателите коишто потекнуваат од нашиот роден град-Велес. Практично ќе промовираме циклус на поетски вечери коишто еднаш месечно ќе се случуваат на сцената на нашиот театар.Инаку избор од поезијата ќе читаа актерите од нашиот театар,а иницијативата за овие вечери е на нашиот директор Младен Крстевски, информира Зафирчев.

Директорот Младен Крстевски информира дека во декември ќе биде претставена поезијата на поетот Ристо Јачев, во јануари идната година на Павлина Климкар Меанџиева, во февруари на Игор Крјчев.

- Понатаму, секој месец ќе има уште по една Вечер на поезијата, со поети од помладата и постарата генерација наизменично, најави Крстевски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување.

Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети.

Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта?

Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени.

ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт.

Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Шест пожари на отворено се активни во земјава, откако само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. 

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Најкомплексен е пожарот кај Рамно, во Чучер Сандево, каде поради непристапниот терен и силниот ветер интервенираат пожарникари, екипи на ДЗС, Армијата и полициски хеликоптер, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот кај Грачани и Никиштане, кој од Косово премина на македонска територија, се спушта кон Лепенец со намален интензитет и се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола. Активни пожари има и кај Струга и Дебар, Тајмиште и Белица.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност поради високите температури и силниот ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер