„Ван Хол“ доби нови сопственици

 Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“, кој се соочи со банкрот, ќе биде преземен од холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што јави белгиската државна фламанска телевизија ВРТ, ваквата одлука е донесена на синоќешниот состанок на стечајните управници на „Ван Хол“, на кој биле отфрлени останатите доставени понуди за преземање на компанијата, кој има свој погон и во ТИРЗ „Бунарџик“ кај Скопје.

Одлуката е донесена откако членот на Управниот одбор на холандскиот производител на автобуси ВДЛ, Ролф-Јан Цвеип се заканил дека неговата компанија ќе ја повлече понудата, доколку до истекот на вчерашниот ден не биде решено кому ќе биде продадена „Ван Хол“.

Според донесената одлука, БДЛ ќе ги преземе погоните на „Ван Хол“ за производство на автобуси и тролејбуси, додека германскиот производител на приколки „Шмиц Каргобул“ заедно со неговиот јужноафрикански партнер ГРВ ќе стане сопственик на фабриките за индустриски возила на белгиската компанија.

- Среќни сме што можеме да направиме брз рестарт заедно со „ВДЛ Груп“ и „ГРВ/Шмиц Каргобул“, се наведува во соопштението на стечајните управници на „Ван Хол“ објавено по синоќешниот состанок.

Интерес за преземање на „Ван Хол“ пројави и белгискиот бизнисмен Гвидо Думари, кој настапи заедно со американската компанија „АБЦ“, која со децении е задолжена за пласман на автобусите на белгискиот производител на пазарот во САД, но неговата понуда беше одбиена.

Според еден од стечајните управници на „Ван Хол“, Јерун Поној, доколку била прифатена и понудата на Думари, тогаш ќе требало да се оди на наддавање за избор на идниот сопственик, со што би се изгубиле најмалку шест недели.

- Тогаш и производството и дистрибуцијата ќе западнеа во целосен застој. Тоа би ја уништило вредноста на компанијата, ќе имаше негативни последици по вработувањето, а клиентите ќе продолжеа да чекаат, нагласи Поној.

Во такви услови, според него, некои работници би можеле да ја напуштат фирмата, која и онака се соочува со недостиг на стручен кадар, што би го отежнало реструктуирањето на компанијата.

- Постоеше ризик да се откажат инвеститорите кои се уште беа заинтересирани, додаде Поној.

Согласно планот за преземање, до понеделник „Ван Хол“ треба формално да згасне, по што ќе биде преземен од холандско-германскиот тандем. „Шмиц Каргобул“ ќе продолжи да произведува приколки во фабриката на „Ван Хол“ во белгиското место Конингсхојт, а планира и да изгради нов погон на таа локација. ВДЛ, пак, ќе ги преземе погоните за производство автобуси и делови за автобуси на „Ван Хол“.

Новите сопственици се обврзуваат да задржат меѓу 650 и 950 од сегашните вработени, но најавуваат дека ќе има нови вработувања на долг рок.

Во понеделникот, интернет изданието на белгискиот весник „Соар“, повикувајќи се на извори во синдикатот во „Ван Хол“, објави дека на средба на синдикалните претставници и на раководството на компанијата било договорено да бидат отпуштени меѓу 1550 и 1850 од околу 2500-те работници, со што вкупниот број на вработени би се намалил на меѓу 650 и 950.

Синдикалните претставници во изјава за „Соар“ порачаа дека сакаат новите сопственици на компанијата „првенствено да водат сметка за зачувување на работните места“. - Не би сакале сценарио каде што купувачот е заинтересиран само за преземање на технологијата, брендот и клиентите, посочија од синдикатот во понеделникот.

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година. Фирмата има околу 4100 работници во ширум светот, од кои најголемиот дел се во нејзините погони во Конингсхојт и во Скопје.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун негира размена на оружје со Русија

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, негираше дека има размена на оружје меѓу Северна Кореја и Русија, објави вечерва севернокорејската државна КЦНА.

Сестрата на севернокорејскиот лидер изјави дека е лажна гласината дека Северна Кореја и Русија разменуваат оружје, пренесе Ројтерс.

Според неа, станува збор за „најапсурдната теорија“ која не заслужува ничија оценка или толкување.

Од јули, Северна Кореја ѝ испратила на Русија околу 6.700 контејнери со милиони парчиња муниција за да ја поддржи нејзината војна против Украина, објавија јужнокорејските медиуми во февруари, цитирајќи го јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-шик.

Соединетите држави, исто така, ја обвинија Северна Кореја за испраќање оружје на Русија.

Русија и Северна Кореја го негираат тоа.

Се судрија патнички и товарен воз во тунел во Белград, има повредени

Започна извлекувањето на повредените во судирот во подземниот тунел во Белград, јавува репортерот на Телеграф од местото на настанот.

На терен се три екипи на брза помош, пожарникари и полиција, јавува Телеграф.

Пожарникарите со носилки се упатиле кон тунелот, бидејќи до судирот дошло на 400 метри во внатрешноста на тунелот.

Има неколку повредени, меѓу нив машиновозач и кондуктерката.

Ужасна снимка од напад на ајкула- се слушаат и врисоци под вода (ВИДЕО)

Следното видео кружи низ мрежите веќе неколку години, а го објави Ден Вајт, кој своевремено тренирал како нуркач на брегот на Египет.

Повеќе нуркачи се придружиле на неговата група, што доведе до промена во однесувањето на ајкулите што кружат во близина.

Отпрвин немало никакви проблеми, а Вајт ужива во друштво на океански белоперки. И тогаш една од нив решила поблиску да ги истражи „непоканетите гости“.

„Три пати се нафрли на мојот колега, а потоа му пријде германски нуркач. За жал, не успеале да ги следат нејзините движења. „Штом доби прилика, го дофати за ногата“, рече Вајт.

Додека ги заривала острите заби, се слуша крикот на несреќниот маж, што го прави видеото уште повознемирувачко.

За среќа, ајкулата се оддалечи и повеќе не нападна, бидејќи којзнае како сѐ би завршило на 10 метри длабочина.

На несреќниот човек му била укажана помош на брегот, а ногата му била во прилично лоша состојба, изгризана до коска.

Веднаш му биле дадени лекови против болки, додека раната била преврзана. По некое чудо, не морала да му биде ампутирана, пренесува LadBible.

притисни ентер