316 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
Култура Уште едно меѓународно признание за филмот "Господ постои, името ѝ е Петрунија"„Петрунија" продолжува да добива признанија низ целиот свет и освои уште една награда за најдобро сценарио. "Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан "Господ постои, името ѝ е Петрунија" ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Во конкуренција со победникот од Кан, кореанскиот "Паразит" и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание "Петрунија" дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година. Во месец јули "Господ постои, името ѝ е Петрунија" ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистрибуцијата на филмот во Кина. "Петрунија" за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и е ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook