,,Умирам , не можам да дишам” , страшна порака на девојка од Виетнам во камионот на смртта

Семејство од Виетнам се сомнева дека меѓу 39- те жртви во камионот , најден во Британија , се наоѓа и нивната ќерка .

Според првите полициски информации, за сите жртви се верува дека се од кинеско потекло, но родителите и роднините на 26-годишната виетнамка Фам Ти Тра Мој се сомневаат дека нивната ќерка е меѓу загинатите - имено, девојката на мајка и и пратила страшна порака на мобилниот во 4,28 часот во средата ( тогаш е 22,28 часот во Велика Британија) во која се вели дека не е во состојба да дише и и се извинува, но не знае зошто.

- Жал ми е, мамо. Моето патување во странство не успеа. Мамо, многу те сакам! Умирам затоа што не можам да дишам ... “, напишала девојката.

Камионот, каде беа пронајдени телата, се верува дека во тоа време бил во транзит , а четири часа по приемот на пораката од едно семејство во Виетнам, пронајдени се мртвите тела.

Виетнамската амбасада во Лондон потврди дека контактирала со полицијата во врска со случајот со исчезната девојка, за која постои сомнение дека е една од 39 лица пронајдени во камионот - ладилник.

БиБиСи подоцна објави дека семејството на Фам им платило 30 000 фунти на шверцерите за патувањето на девојчето во Велика Британија.

Мими Ву, експерт за трговија со млади Виетнамци во Европа, смета дека пораката е автентична. Таа исто така предупредува дека многу Виетнамци добиваат лажни кинески пасоши што ги користат за да влезат во Европа.

Братот на Фам на еден форум објави дека ја бара својата исчезната сестра: „Таа живееше во Нген во округот Кан Лок и ја напушти руралната провинција Ха Тинх во северен Виетнам на 3 октомври - отпатува во главниот град Ханои за да ги добие потребните документи за да се оди во Кина.

Потоа таа одлетала за Франција и понатаму во Велика Британија. Сепак, таа, наводно, била уапсена при пристигнувањето во Велика Британија, од каде била вратена во Франција “.

Најмалку шест други виетнамски семејства стравуваат дека нивните роднини се меѓу 39-те кои биле пронајдени мртви во камионот во Есекс.

Според „Гардијан“, три семејства, сите со исчезнати синови, биле известени дека нивните најблиски ќе пристигнат во Велика Британија на 23 октомври - им било речено да бидат подготвени да платат, но контакт едноставно исчезнал.

Инаку, провинцијата Ха Тин во Виетнам е главна точка за трговија со луѓе, а Виетнам е земја со трет најголем број на осомничени жртви на современото ропство во Велика Британија во 2018 година.

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

притисни ентер