Технологија„Убиецот на градови“, голем колку стадион, се приближува кон ЗемјатаАстероид со големина на стадион утре нешто по 18 часот ќе прелета покрај Земјата, објави НАСА.Ова небесно тело, наречено 2008OS7, има дијаметар од 271 метар и е наречено „убиец на градовите“, пишува LiveScience. Овој потенцијално опасен астероид ќе биде најблиску кога ќе биде оддалечен 2.850.000 километри од нашата планета. Тоа е седум пати подалеку од Месечината. Поради својата големина, астероидот се смета за потенцијално опасен, иако предвидувањата од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL) покажуваат дека тој всушност никогаш нема да се приближи доволно до Земјата за да претставува закана. Меѓутоа, доколку ја погоди нашата планета, може да уништи голем град како Њујорк, поради што е категоризиран како „убиец на градови“, додека поголемите се нарекуваат „убијци на планети“. НАСА идентификувале околу 25.000 потенцијално опасни астероиди, а само еден од навистина опасните удира во Земјата на секои 20.000 години, пишува LiveScience. Да потсетиме, два опасни астероиди денеска ќе поминат покрај Земјата. Едниот е астероид со големина на куќа - 2024BY, со дијаметар од 19 метри, додека другиот - 2003BM4 - е со големина на авион и има дијаметар од 37 метри. Покрај „убиецот на планетата“, утре ни се приближуваат и астероидите 2024BP1 и 2024BJ3. И двата се, според НАСА, со големина на авион, но првиот има дијаметар од 40, а вториот од 22 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот. Портпаролот не даде причина за одложувањето. Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“. Трамп е воодушевен од победата на AfD „Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше. AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој. The President of the United States supports AfD. pic.twitter.com/gLGoknyMd8 — Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) September 8, 2026 Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.Тагови: АфД Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветПоранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУПоранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook