„Twitter“ тестира нова функција за „Android“ - Канал 5

„Twitter“ тестира нова функција за „Android“

Минатата есен, „Twitter“ започна со тестирање на „Spaces“ табови за „iOS“ верзијата на својата мобилна апликација. Сега оваа опција се терстира и за „Android“.

„Twitter“ тестира нова функција за „Android“

„Spaces“ табот им овозможува на корисниците да видат избрана листа на активни аудио соби во живо, со опција за нивно филтрирање врз основа на нивните интереси. Оваа функција сега се проширува на корисниците на апликацијата за „Android“.

Оние кои имаат пристап до тестовите можат да го отворат табот „Spaces“ со кликнување на иконата со микрофон на дното на интерфејсот. Како и кај верзијата за „iOS“, табот е достапен само на англиски јазик.

„Twitter“ започна со тестирање на пренесување звук во живо кон крајот на 2020 година, а компанијата брзо почна да го ажурира форматот.

Она што започна како декларативно скромна карактеристика, продолжи да зазема различни функции, како што се снимање на звук и многу повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција

Главниот град на Украина, Киев, беше цел на смртоносен руски напад рано утринава , во пресрет на критичниот самит на НАТО во Турција, на кој треба  да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на  самитот на НАТО во Турција

Експлозии го осветлија ноќното небо додека балистички ракети и беспилотни летала погодија делови од градот, убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи десетици други, соопштија градските власти. Станбените згради беа тешко оштетени во нападот, оставајќи ги луѓето заробени во повеќекатните станбени блокови, додека автомобили беа опожарени по градските улици.

Украинскиот претседател Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Москва „подготвува нов масовен удар“, а новиот напад доаѓа само неколку дена по свирепиот руски напад врз Киев минатиот четврток во кој загинаа 30 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан предупредува: „Директен пат кон диктатура“

„Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан.

Орбан предупредува: „Директен пат кон диктатура“

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер Виктор Орбан денес ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираните отпуштања на државни функционери.

Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа по неговите изјави покажуваат „агресија, закани и заплашување“, објави Хирадо.

„Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан.

На 2 јули, Адер во подкаст за јавниот сервис рече дека планираното отпуштање на претседателот Тамаш Шулок и други високи функционери би било спротивно на уставот.

Премиерот Петер Маѓар реагираше на коментарите на Адер, обвинувајќи го за трошење јавни пари преку Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“, која ја води тој.

Во таа прилика, Маѓар тврдеше дека фондацијата со години користи значителни јавни средства, додека Адер, според него, добива висока месечна членарина и користи други бенефиции финансирани од државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир во Анкара: Солзавец, апсења на протестот пред самитот на НАТО

Повеќе од 100 лица беа приведени во Анкара на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција, додека полицијата употреби солзавец за да го растури собирот.

Судир во Анкара: Солзавец, апсења на протестот пред самитот на НАТО

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во Анкара, пред самитот на алијансата во градот следната недела, соопшти ТКП.

Во соопштението, ТКП вели дека организирала протести против НАТО во Анкара и Истанбул во понеделник, објави Ројтерс. Полицијата употреби солзавец за да го растури протестот на централниот плоштад Кизилај во Анкара, приведувајќи повеќе од 100 членови на партијата, вклучувајќи администратори, додека немаше судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестот во Истанбул, кој се одржа на плоштадот Таксим.

Снимките од протестите во Анкара покажаа демонстранти кои држат знамиња и извикуваат слогани како „Убиецу НАТО, напушти ја земјата“ и „Нема премин за НАТО“.

„Денес се собравме во многу делови од Турција за да протестираме против НАТО. Рековме дека нема да ја предадеме Анкара на поддржувачите на НАТО, дека нема да дозволиме Анкара да молчи. Го исполнивме тоа ветување“, изјави генералниот секретар на ТКП, Кемал Окутан, во Истанбул.

Турција ќе биде домаќин на лидери од 32 сојузнички земји во Анкара како претставници на НАТО партнери на самитот на НАТО на 7 и 8 јули. Властите ја зајакнаа безбедноста низ турската престолнина пред состанокот на НАТО, а протестите се забранети.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер