„Трст, Југославија“ за отворање на Неделата на италијанскиот филм - Канал 5

„Трст, Југославија“ за отворање на Неделата на италијанскиот филм

Во кино „Милениум“ вечер во 19 часот ќе биде отворена 17. Недела на италијанскиот јазик во светот, со проекција на филмот „Трст, Југославија" на младиот италијански режисер Алесио Боѕер.

„Трст, Југославија“ за отворање на Неделата на италијанскиот филм
Тема на ова издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот е „Италијанскиот јазик на големиот екран и во кинематографијата". Неделата ќе опфати културни настани посветени на промоцијата и ширењето на италијанскиот јазик и култура, а особено на соодносот помеѓу италијанскиот јазик и светот на филмот. Организатор на настанот е Амбасадата на Италија во Скопје.

Пред проекцијата е најавено обраќање на амбасадорот на Италија, Карло Ромео, а по завршувањето авторот на филмот Боѕер ќе отвори дебата со публиката за неговото дело.

„Трст, Југославија" е документарен филм кој содржи сведоштва на обичните граѓани како и на некои познати личности (Раде Шербеџија, Горан Бреговиќ, Славенка Дракулиќ) за улогата на градот Трст, односно на Италија, како „порта" кон Западот за тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

- Трст не беше само место за пазарење, туку исто така и место за размена на култури и искуства, погранично место кое не треба да се подразбира како бариера и поделба, туку како размена и контакт, како одраз на многу блиските историски врски меѓу Италија и регионот на Балканот. Филмот е полн со анегдоти и спомени, слики од едно минато, историски и социјални рефлексии, со емотивни и комични лични сведоштва, соопшти организаторот за филмот „Трст, Југославија“ кој премиерно беше прикажан во јануари годинава.

Според авторот Боѕер, филмот е мозаик на приказни и сведоштва на актери, интелектуалци, филозофи, антрополози, историчари, музичари, но и обични луѓе од тоа време, кои ги споделуваат своите искуства, нивните патувања со автобус, воз или автомобил за да заминат во Трст. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер