TOTALENERGIES И STELLANTIS ГО ЗАЈАКНУВААТ И ПРОШИРУВААТ СВОЕТО ПАРТНЕРСТВО СО ВИСОКО-ПЕРФОРМАНСНИ МОТОРНИ МАСЛА - Канал 5

TOTALENERGIES И STELLANTIS ГО ЗАЈАКНУВААТ И ПРОШИРУВААТ СВОЕТО ПАРТНЕРСТВО СО ВИСОКО-ПЕРФОРМАНСНИ МОТОРНИ МАСЛА

По повеќе од педесет години соработка заснована врз извонредност, иновации и заеднички вредности, TotalEnergies и Stellantis со гордост го објавуваат обновувањето и проширувањето на нивното стратешко партнерство во Европа

 TOTALENERGIES И STELLANTIS ГО ЗАЈАКНУВААТ И ПРОШИРУВААТ СВОЕТО ПАРТНЕРСТВО СО ВИСОКО-ПЕРФОРМАНСНИ МОТОРНИ МАСЛА

По повеќе од педесет години соработка заснована врз извонредност, иновации и заеднички вредности, TotalEnergies и Stellantis со гордост го објавуваат обновувањето и проширувањето на нивното стратешко партнерство во Европа, со цел на своите клиенти да им понудат најдобри решенија за моторни масла и мазива.

Партнерство засновано на доверба и иновации

Од своите почетоци со Citroën пред повеќе од половина век, партнерството помеѓу Stellantis и TotalEnergies прерасна во симбол на доверба, перформанси и технолошка извонредност. Заедно, двете компании продолжуваат да ги поместуваат границите, здружувајќи ги силите за да ја обликуваат иднината на мобилноста.

„Горди сме што го обновуваме нашето партнерство со Stellantis, кое се темели на повеќе од педесет години заедничка доверба и иновации“, изјави Pierre Duhot, потпретседател за лубриканти во TotalEnergies. „Ова ново поглавје ја проширува нашата соработка со сите брендови на Stellantis и ја зајакнува нашата заедничка амбиција за развој на поодржливи и поефикасни решенија за мобилност.“

Првично обновен во 2021 година за брендовите Peugeot, Citroën, DS Automobiles и Opel, Vauxhall, договорот сега се проширува и ги опфаќа сите десет легедатни брендови на Stellantis: Fiat, Jeep, Lancia, Alfa Romeo, Abarth, Citroën, DS Automobiles, Opel, Vauxhall и Peugeot.

„Ова проширено партнерство со TotalEnergies ја одразува нашата посветеност кон квалитет, иновации и одржливост во рамки на сите брендови на Stellantis. Со комбинирање на техничката експертиза и пристап насочен кон иднината, нудиме решенија кои ги задоволуваат променливите потреби на нашите клиенти, особено кога станува збор за квалитетот“, изјави Francesco Abbruzzesi, директор за делови и услуги на Stellantis за проширена Европа.

Основите врз кои се темели заедничката визија

Партнерството се темели на четири клучни столба што ја симболизираат долгогодишната соработка меѓу TotalEnergies и Stellantis во развојот на моторни масла и лубриканти:

·Истражување и развој: постојана заедничка работа насочена кон иновации и техничка извонредност, со развој на напредни решенија за сегашните и идните генерации мотори.

·Натпреварување: повеќе од 50 години заедничка посветеност во светот на мотоспортот, каде што TotalEnergies е поддршка на Stellantis во постигнувањето врвни резултати и перформанси.

·Постпродажна соработка: тесна соработка за обезбедување стручна помош и решенија прилагодени на потребите на дилерските и сервисните мрежи на Stellantis и нашите клиенти.

·Одржливост: заедничка заложба за поодржлива и циркуларна иднина преку еко-дизајнирани производи и одговорни производствени процеси.

Редефинирање на перформансите во духот на циркуларната економија

Во 2024 година, TotalEnergies Lubrifiants одбележа значајна пресвртница во циркуларните иновации со лансирањето на TotalEnergies Quartz EV3R 10W40, првото моторно масло направено од 100% регенерирани базни масла, одобрено од производителите. Овој револуционерен производ е првиот одржлив лубрикант на пазарот, ко-брендиран со Stellantis SUSTAINera, со што се зајакнува заедничката стратегија на двете компании.

Заедно во унапредување на иновациите: портфолио на моторни масла од TotalEnergies и Mopar“

Врз основа на ова силно партнерство и водени од нашата заедничка DNK за унапредување на иновациите, TotalEnergies и Stellantis лансираат заеднички бренд-портфолио на моторни масла со две производни линии: TotalEnergies Quartz MOPAR и TotalEnergies Quartz EV3R MOPAR SUSTAINera, и двата официјално одобрени според најновите FPW стандарди на Stellantis.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опериран е Јаник Синер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше успешно опериран во Финска. 

Опериран е Јаник Синер

До неодамна, тенисерот број еден во светот, утрово беше опериран за да му се ослободи илиотибијалниот појас. Овој вид третман беше избран како најмалку оптоварувачка опција за неговото тело, со очекување дека ќе ги отстрани постојните здравствени проблеми. Операцијата следеше по четиримесечна пауза.

Јаник Синер ќе може да се врати на теренот за три месеци, што значи дека неговата вкупна пауза ќе биде околу осум месеци... Италијанецот последен пат играше на Вимблдон, кој го освои, откако го победи Александар Зверев во финалето.

Беше број еден во светот до пред само неколку недели, а сега ќе доживее пад. Стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија што се одржува оваа година, каде што беше запрен од Новак Ѓоковиќ. Нема да игра на претстојниот турнир во Мелбурн и неговите поени ќе бидат избришани.

Јавноста се прашува дали италијанскиот тенисер ќе може да се врати во својата препознатлива форма за краток временски период, формата во која беше сè додека не направи принудна пауза поради повреда на коленото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. 

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“.

Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши.

На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба.

Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување.

Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец

Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници.

Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време.

Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија.. 

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската Комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската Комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто..

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември..

Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии..

Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер