„Топлинска купола“ на Медитеранот, најжешкиот период допрва доаѓа - Канал 5

„Топлинска купола“ на Медитеранот, најжешкиот период допрва доаѓа

Низ цела јужна Европа денеска продолжи топлотниот бран, со зголемен ризик од избувнување пожари, а се очекува овој феномен утре да биде уште поинтензивен во Италија, Шпанија и Португалија.

„Топлинска купола“ на Медитеранот, најжешкиот период допрва доаѓа

Во Франција, утре и задутре се очекува температура до 35 степени Целзиусови во најмалку две третини од земјата, со „многу непријатни“ ноќи со минимална температура од 20 степени, изјави метеоролог од Météo-France.

Феноменот денеска го зафати југот на земјата втор ден по ред, а потоа се прошири кон север, носејќи и зголемен ризик од пожари. Се очекува да трае најмалку до вторник.

Météo-France предвидува дека температурите денеска попладне во департманите каде е издаден портокалов аларм ќе достигнат меѓу 34 и 38 степени Целзиусови, а во крајбрежјето „повремено ќе се приближат до температура од 40 степени Целзиусови“.

Причината за новиот топлотен бран во Франција е таканаречената „топлинска купола“ на Медитеранот – голем, силен систем на висок притисок кој формира своевиден капак над одредена област, и го блокира циркулирањето на воздухот во долните слоеви, спречувајќи „влегување“ на временски нарушувања и истовремено постепено загревајќи го воздухот.

Градските власти на јужниот град Марсеј ги известија граѓаните дека влезот на сите градски базени ќе биде бесплатен и објавија мапа на јавни места со клима уреди.

Во изминатите две недели во Ница, на училиштата им беа испорачани речиси 250 преносни вентилатори, а беше организирана и дистрибуција на вентилатори за постари лица кои живеат сами.

Во Италија за денеска за 17 градови беше издадено црвено предупредување за топлотен бран, што вклучуваше и градови на север како Милано, Болоња и Торино. На југ, особено во Неапол и Палермо, се очекуваат температури и до 39 степени Целзиусови.

Утре предупредувањето за топлотен бран ќе се прошири на 21 италијански град. Некои италијански региони, како Лигурија и Сицилија, издадоа наредби со кои се забранува работа на отворено во текот на најризичните часови, а синдикатите се ангажираа да ја прошират нивната реализација и на други региони.

Новинската агенција Анса јави дека поради жештината минатата недела пораснал бројот на повици до итните медицински служби.

Во Рим, термометарот веќе во 10:00 часот по локално време покажуваше 30 степени Целзиусови, а се предвидува дека температурите денеска ќе достигнат до 37 степени Целзиусови.

Слична е ситуацијата и во Венеција. Бројни туристи кои денеска пристигнаа во Вечниот Град се обидуваа да се заштитат од жештината со капи и други покривки за глава, креми за сончање или гасејќи ја жедта на некоја од јавните фонтани.

Во Шпанија, за денеска за неколку региони беше издаден портокалов аларм поради високите температури кои се последица на првиот овогодишен летен топлотен бран, а во некои делови од земјата достигнуваат и до 42 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Шпанската државна метеоролошка агенција (Aemet).

Уште повисоки температури се очекуваат утре и задутре, кога температурите во југозападниот дел од земјата и во некои делови на североисток би можеле да надминат 40 степени Целзиусови.

- Се очекува температурите во подрачјето на реките Гвадалкивир, Гвадијана, Тагус но и Ебро да достигнат и до 42 Целзиусови степени, соопшти Aemet.

Поради интензивната жештина, температурата на морето во шпанското крајбрежје и околу Балеарскиот архипелаг надмина 26 степени Целзиусови, што е рекордна бројка за овие датуми и е типична за средината на август, стои во извештајот на Aemet на X, и се додава дека последните три години се најтопли забележани во историјата на Шпанија.

Слична е ситуацијата и во Португалија. Таму, за утре за две третини од земјата е издаден портокалов аларм. Температурите ќе достигнуваат до 42 степени Целзиусови, што се однесува и на главниот град Лисабон, а издадено е и предупредување за голем ризик од пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер