Цвет што привлекува богатство, има опоен мирис и е симбол на Медитеранот - Канал 5

Цвет што привлекува богатство, има опоен мирис и е симбол на Медитеранот

Се верува дека јасминот е билка што носи радост, просперитет и благосостојба во сечиј дом.

Цвеќе

Со своето зеленото стебло и прекрасните бели цветови, со интензивниот мирис, јасминот кај многумина буди слики од Ориентот или Медитеранот - простор кој симболизира спокојство и блаженство. Маслото од јасмин е познато по тоа дека го поттикнува оптимизмот, ја зајакнува животната радост и дека „облачен“ ден може да претвори во вистински карневал. Експертите за ароматерапија тврдат дека мирисот на јасмин има терапевтски ефект, го подига расположението и шири чувство на среќа и благосостојба.

Многумина веруваат дека јасминот носи просперитет и среќа во семејството, поради што често се користи во домаќинствата. За време на поранешна Југославија скоро секој дом во дворот ја имал оваа цветна грмушка.

Како да одгледувате јасмин

Јасминот е растение кое најдобро расте на пролет, кога температурите се стабилни и повисоки, а ризикот од мраз е минимален. Во континенталните региони, каде што зимите се постудени, се препорачува да се засади јасмин во овој период за растението да има доволно време да се вкорени и да израсте.

Јасминот е особено погодно растение за крајбрежните медитерански региони, бидејќи топлите и сончеви денови се погодни за него. При садење јасмин, посебно внимание треба да се посвети на квалитетот на почвата, која мора да биде добро дренирана. Исто така, растението бара редовно ѓубрење за време на неговиот раст, особено во фазата на цветање.

Добрата дренажа е неопходна за здравјето на ова цвеќе

Овој процес му помага на растението да го одржи својот оптимален изглед и да го продолжи својот животен век. Без соодветна дренажа, растението би можело да се исуши, а цветовите и листовите би можеле да паднат. При садење потребно е да се ископа дупка длабока околу 50 см, да се постави дренажен слој (најчесто чакал или песок) во длабочина од 15 до 20 см, а потоа да се постави јасминот 3 см над нивото на почвата.

Насоки на садење и сончева светлина

Многу е важно јасминот да го поставите така што неговиот врв да биде свртен кон сонцето, додека корените треба да бидат поблиску до сенка, до ладовина. Оваа комбинација му овозможува на растението да се развива и расте правилно.

Ѓубрењето на јасминот започнува во април, кога е време за прво ѓубрење, а завршува на крајот на летото.

За ова, најдобро е да се користат минерални комплексни ѓубрива кои се разредуваат во вода и се нанесуваат директно на почвата. Редовното хранење му помага на растението да биде силно и здраво, како и да произведе изобилство миризливи цветови.

Јасмин сака влага, но треба да бидете внимателни при наводнување. Премногу вода може да го уништи растението, што може да предизвика негово сушење и пропаѓање. Идеално е да се одржува умерено наводнување, водејќи сметка почвата да е влажна, но не премногу влажна. Јасминот е растение кое бара внимание и љубов, но секој што се грижи за него го наградува со прекрасни, миризливи цветови кои внесуваат радост и спокојство во домот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер