,,Тој е диктатор” – Демократите завршија со воведните зборови на судењето против Трамп

Демократите вчера ги затворија своите воведни забелешки на судењето на американскиот претседател пред Сенатот, предупредувајќи дека Доналд Трамп е закана за демократијата и повторно ќе ја злоупотреби власта ако остане на функција.

На третиот и последен ден од изјавите на обвинителите, демократите се обидоа да ги зацврстат обвиненијата , во кои се тврди дека републиканскиот претседател ја злоупотребил својата позиција вршејќи притисок врз Киев да го испита неговиот најверојатен противник на следните претседателски избори во САД, Џо Бајден, поранешен потпретседател на Соединетите држави, а потоа ја опструирал конгресната истрага за случајот со криење докази.

Демократите бараат повлекување на американскиот претседател.

„Ако се исполнат критериумите за заслужено отповикување, како што докажавме, не е важно дали ви се допаѓа. Не е важно ниту ако не го сакате“, рече претставникот Адам Шиф, кој ја заврши својата изјава на третиот ваков процес на отповикување во историјата на САД.

"Она што е важно е дали тој претставува закана за земјата - затоа што тој повторно ќе го стори истото. И никој од нас не може да биде сигурен, врз основа на тоа што досега го знаеме, дека нема да го стори тоа повторно ", рече Шиф .

Трамп ги негираше обвинувањата и целиот процес на отповикување го опишува како измама.

Неговиот правен тим денеска ќе започне воведните излагања и ќе има вкупно 24 часа на располагање во текот на три дена, исто како и обвинителите.

Претставничкиот дом, каде демократите имаат мнозинство, минатиот месец изгласаа две обвиненија, кои потоа беа донесени на судење во Сенатот во кој републиканците имаат мнозинство.

Демократот Хакем Џефрис, еден од демократите што ја игра улогата на обвинител на судењето, рече дека Трамп ги „влече конците“ во процесот на убедување на Украина да се меша во претседателските избори во САД во 2020 година и дека другите во Белата куќа му помагале да се обиде да ги скрие доказите за неговото однесување.

„Претседателот Трамп се обиде да измами, беше фатен и потоа се обиде да ја прикрие измамата.“, рече Џефрис, додавајќи дека во Белата куќа има „токсичен хаос“ што мора да се расчисти во интерес на американскиот народ.

Демократите го обвинија Трамп дека извршил притисок врз украинскиот претседател Владимир Зеленски во телефонски повик на 25 јули за да го испита Бајден и неговиот син Хантер, кој бил член на одборот на украинската енергетска фирма „Буризм“. Тие велат дека Трамп привремено ја одложил исплатата на 391 милиони американски долари воена помош на САД за Украина, како начин да изврши притисок за да му се исполнат неговите желби.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер