Автомобилизам„Тесла“ испорача рекорден број автомобили во второто тримесечјеПроизводителот на електрични возила „Тесла“ вчера објави дека се испорачани рекордни 466.000 возила во второто тримесечје од оваа година, додека произведени се речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.Повеќето од предвидените седани „Модел 3“ и теренците „Модел Ипсилон“ биле произведени и продадени, т.е. 446.915 испорачани од 460.211 склопени возила. Покрај тоа, „Тесла“ произведе 19.489 од поскапите „Модел Икс“ и „Модел С“, а испорача 19.225 од нив. Аналитичарот на „Ведбуш секјуритис“ (Wedbush Securities), Ден Ајвс го нарече тoa - „трофеј квартал“ за компанијата. Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа било очекувано, вели тој, наведувајќи дека „Волстрит“ прогнозирал испорака на околу 447.000 возила. Во април, „Тесла“ ги намали цените на своите возила по петти пат од јануари, снижувајќи ги трошоците меѓу два и речиси шест отсто. - Намалувањата на цените од почетокот на 2023 година се исплатеа за Илон Маск и компанијата, бидејќи, се чини, побарувачката останува многу висока и ефикасноста на производството овозможи големи испораки, рече Ајвс. Овие бројки се значително повисоки во однос на истиот период минатата година. Во вторите три месеци од 2022., имено, „Тесла“ пријави 254.695 испорачани и 258.580 произведени возила. Меѓутоа, во првото тримесечје од 2023 година, автопроизводителот произведе околу 441.000 возила и испорача околу 423.000. За оваа година „Тесла“ има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: возачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностУтре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Времето денес претпладне беше сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа имаша појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Дуваше слаб до умерен западен и северозападен ветер. До крајот на денот ќе има услови за нестабилност. Во вечерните часови се очекува стабилизација на времето. Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени. Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПреветивни активности за заштита од пожариНа граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Денеска (12.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“ насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување. На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест. Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе. Тагови: Преветивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook