Тенисерот Бернард Томиќ лажел дека има коронавирус, го открила колешка?!

Срамен потег на австралискиот тенисер со потекло од Балканот Бернард Томиќ!

Германската тенисерка со српско потекло Андреа Петковиќ изјавила дека Томиќ лажел дека е заразен со коронавирус, според неа тоа го сторил без некоја посебно причина.

Петковиќ открила како што пренесува „ TennisWorld USA“ дека Томиќ пред неколку дена и се јавил и и признал дека нема коронавирус.

Австралискиот тенисер на почетокот на март го одиграл турнирот во Монтереј, а потоа се пожалил како што рекол на замор и проблеми со дишењето и останатите симптоми од коронавирус.

-Тој често зборува без да размисли. Минатиот пат беше за коронавирусот. Му пишав пред неколку дена, ми рече дека се било лага, и дека дури незнае зошто го сторил тоа, изјавила Петковиќ за „ Go Tennis“.

притисни ентер