„Телеграф“: Велика Британија повеќе нема војска - Канал 5

„Телеграф“: Велика Британија повеќе нема војска

Велика Британија повеќе нема војска, а морнарицата е толку лоша што веќе не може ниту да учествува во вежбите на НАТО.

„Телеграф“: Велика Британија повеќе нема војска

Велика Британија се наоѓа на удар од напади против националната одбрана и на никого за тоа не му е грижа, пишува поранешниот британски специјален агент Тим ​​Колинс во својата колумна за „Телеграф“.

Првиот проблем со кој се соочува Британија е регрутирањето, смета тој, наведувајќи дека наместо да се привлечат „оние кои ја бранеле оваа земја со векови“, денес се форсира различноста, односно регрутирање на различни малцинства кои не се ни заинтересирани за кариера. во армијата.

Другиот е тоа што се деморализираат и исмејуваат „непожелните“ - оние кои починатиот командант на британските воздухопловни сили Мајкл Винстон ги нарече „бескорисни бели машки пилоти“ - поради што тие масовно ја напуштаат војската.

Третиот проблем се ниските безбедносни стандарди, кои им овозможуваат на непријателите да се инфилтрираат во британската армија без поголеми проблеми, наведува Колинс.

Бродовите чии поправки се скапо платени се исклучени од употреба. Морнарицата не може да учествува во вежбите на НАТО, а камоли ефикасно да се бори против Хутите во Црвеното Море.

Она што остана од армијата е едвај функционално. Ситуацијата не е многу подобра ниту кога станува збор за оружјето, пишува Колинс, наведувајќи дека Британија сега практично нема артилерија откако ги испрати преостанатите системи и муниција во Украина.

Проблем за Британците е и набавката на ново оружје. Имено, од 589 нарачани оклопни возила, испорачани се само 44 - десет години откако Министерството за одбрана платило 5,5 милијарди фунти за нив.

Уште еден проблем е недостигот на тенкови. Минатата година беше откриено дека британската армија има само 157 тенкови „Челинџер“ подготвени за итно или 30-дневно распоредување - наспроти официјалните 227.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

притисни ентер