„Тарзан од реалниот живот“ поминал 40 години во џунгла, во шок кога зачекорил во цивилизацијата - Канал 5

„Тарзан од реалниот живот“ поминал 40 години во џунгла, во шок кога зачекорил во цивилизацијата

Пријател на таканаречениот „Тарзан од реалниот живот“, зборува за моментот кога тој првпат зачекорил во цивилизацијата после  40 години поминати во џунгла.

„Тарзан од реалниот живот“ поминал 40 години во џунгла, во шок кога зачекорил во цивилизацијата

Хо Ван Ланг и неговиот татко преживеале четири децении во виетнамската дивина пред да биде донесена одлуката да си одат дома во 2013 година.

Тие решиле да живеат во џунгла откако побегнале од злосторствата на Виетнамската војна кога Ланг бил сè уште бебе. Американска бомба паднала врз нивната куќа и ги убила неговата мајка, двајцата браќа и сестрите.

Двајцата започнале нов живот и преживувале јадејќи мед, овошје и шумски животни, градејќи засолништа и грижејќи се за себе.

Но, минатиот месец, осум години откако постариот брат на Ланг ги вратил во цивилизацијата, „Тарзан“ починал од рак на црниот дроб на 52-годишна возраст, по соочувањето со „фаталните последици“ на модерниот живот.

Алваро и Ланг се запознале две години по неговото враќање во цивилизацијата, кога истражувачот му пришол на Ланг за да види дали е подготвен да сподели некои од неговите неверојатни вештини за преживување во џунглата каде што пораснал.

Хо Ван Ланг и неговиот татко преку делото на Алваро беа запознаени со „Docastavai“, организација која им помага на луѓето да избегаат на пусти острови, па истражувачот решил да му помогне на Ланг да се врати во дивината која толку многу ја сакал.

Неговиот пријател Алваро Церез сподели невидени снимки од тајното патување во природата каде Хо бил снимен како реагира на летање со авион, пловење по море и кога првпат го гледа големиот град.

-Ланг тагуваше по смртта на неговиот татко во 2018 година и реши дека е вистинско време да се врати накратко во природата. За време на долгото патување до пустиот остров, Ланг за прв пат откри многу нови работи, како на пример, гледање на големиот град од далеку додека преноќувавме во хотел во близина на аеродромот. Го избегнавме одењето по прометните улици во градот, така што не беше исплашен. Но, неговите реакции на работите беа неверојатни за гледање. Беше воодушевен од летањето со авион и цело време со стравопочит гледаше од небото. Во џунглата, неговиот татко му објаснил дека тоа не се птици, туку шупливи предмети во кои има луѓе... За океанот слушнал само од приказните на неговиот татко, па беше неверојатно да се види реакцијата кога го открива за прв пат. Се сеќавам дека една вечер се разбуди жеден и не можеше да го отвори кокосот, па реши на брегот да побара нешто за пиење. Бев ужаснат кога открив колку е солена морската вода. Беше како да го гледаме животот што го живееме денес преку очите на некој од некое далечно минато, рече Алваро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

​Ако СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции

Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер