Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
1Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
Култура„Свадбата" – премиера на Велешкиот театар На малата сцена на Велешкиот театар утревечер премиерно ќе биде изведена комичната претстава „Свадбата".По текстови од американскиот автор Алан Бол и бугарскиот Антон Страшимиров, драматуршки адаптирани од Катерина Момева и во режија на Софија Ристевска-Петрушева. Режисерката денеска на прес-конференција рече дека се работи за компилација од неколку текстови и дека свадбата, според текстот на Бол, се третира како социјален момент со интимни приказни на ликовите што, според неа, е поемоционален поглед на феноменот свадба. Во првиот дел актерите не играат на сцена, туку во други простории во театарот, а нивната игра зад сцената публиката ќе ја гледа преку директен пренос. Вториот дел, по текст на Страшимиров, е гротескен и на комичен начин ги разработува семејните врски кои, како што рече режисерката, на Балканот се многу силно потенцирани, особено односите меѓу свекрвата и снаата и синот. На крајот актерите раскажуваат приказни од нивниот личен живот, односно ќе понудат мешавина на различни погледи кон темата свадба и брак. -Во овој век на либерален капитализам, каде што финансиите масовно го опеделуваат нашето секојдневие, човечките животи и индивидуалните приказни се најважното средство за борба против суровата и неповратна глобализација. Свадбата е рингот на бескрајните човечки страсти, рече Ристевска-Петрушева за новата премиера која е втора на Велешкиот театар во 2019 година. Актерката Весна Димитрова-Бобевски рече дека во претставата игра две спротивни улоги – во првиот дел лик на пристојна девојка која живее според Библијата, а во вториот – посесивна свекрва, за која рече дека е мошне слоевита улога. Покрај Димитрова-Бобевски, играат уште тројца актери на Велешкиот театар – Јордан Витанов, Слободанка Чичевска и Славица Манаскова. Текстовите ги преведе Катерина Марковска, автор на сценографијата е Филип Коруновски, костимограф е Катерина Чукниева, кореограф Кире Миладиновски, за музиката е задолжен Сашко Костов, а за видеото и фотоматеријалот – Крсте Шупев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во СкопјеKога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите. Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано. За да ги подобриме состојбите, фокусирани сме на реализација на Клиничка болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и факултетот за медицински науки. За овие проекти веќе беше објавен меѓународен повик за финансиери и веќе имаме добиено необврзувачки и индикативни понуди кои се поволни и прифатливи. Паралелно ја разгледуваме изградбата на големиот клинички центар во Скопје. Проект кој треба да биде еден од најзначајните здравствени проекти во современата историја на државата. Една од локациите што се разгледува е кај базенот Борис Трајковски, која е стратешка локација која има пристап до два булевара, до гасоводна мрежа и е во непосредна близина на обиколницата. Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето. Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави. Планот предвидува и топол подземен премин под булеварот Илинденска кој ќе го поврзе новиот комплекс со постоечката болница 8ми Септември. Во целина се вклопуваат и ПЕТ центарот кој го развиваме како и поликлиниката Букурешт. Тоа значи создавање на целосно заокружен здравствен комплекс со современа инфраструктура и поврзани здравствени услуги. Од друга страна во изминатиот период целосно ги реконструираме оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8ми Септември. Целосно е реконструирано и одделението за трауматологија во Старата градска болница, објектот во кој со децении немало сериозна инвестиција. А во ГАК вложени се околу 110 милиони денари, од кои околу 35 милиони денари во реконструкција и околу 75 милиони денари во современа медицинска опрема. Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали. Реновиравме повеќе од 10 здравствени објекти и клиники и набавивме современа медицинска опрема вредна неколку милиони евра. Со ова покажуваме дека проблем по проблем, болница по болница и клиника по клиника здравството го менуваме. Затоа нашата цел и заложба е граѓаните да добијат здравствени установи какви што заслужуваат современа опрема и здравствен систем кој ќе биде подготвен за иднината. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира денес за граѓаните да имаат подобро здравство утре. Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во ЦентарОпштина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи. „По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски. Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации: Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите. Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“. Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“. Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа. Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација. Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо пожар над селото Палиград на Китка спасено телеВчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook