Сузана Манчиќ во 68-мата година го покажа своето тело во костум за капење - Канал 5

Сузана Манчиќ во 68-мата година го покажа своето тело во костум за капење

Таа открива колку килограми имала кога сфатила дека има проблем (фото)

 Сузана Манчиќ во 68-мата година го покажа своето тело во костум за капење

Некогашната водителка го покажа затегнатото тело и воодушеви многу придружници на социјалните мрежи.

Водителката Сузана Манчиќ (68) одлучила да ја помине зимата во потоплите краеви, па ги спакувала куферите и отпатувала на егзотичната дестинација, Кариби. Таа ги воодушеви своите следачи на социјалните мрежи со фотографиите од својот одмор, а една од нив посебно привлече внимание.

Сузана на една од фотографиите позира во плиткото во едноделен црн костим за капење со цветен дезен во вид на бели рози, видно расположена и насмеана. Нејзината коса со боја на мед е водена и ѝ достига до рамениците, таа има црвен маникир, а забележливо е дека ни карминот не го изоставила.

Нејзината фигура ги воодушеви обожавателите, а комплиментите за нејзиниот изглед не престануваа. Многумина коментираа дека Сузана изгледа значително помладо за нејзините години, истакнувајќи ја нејзината затегната фигура.

- Пржи сонцето на Карибите, пржи, а морето лади - додала водителката во описот на објавата.

Веднаш следеа коментарите.

- Тоа е таа убавина!

- Прекрасна фотографија, брановите и нашата неверојатна Сузана.

- Изгледа барем две децении помладо, браво!

- Тебе те грее сонцето, а ти нè грееш со години.

- Беше и остана божица.

- Сузи, ни брановите не ти можат ништо.

- Ти го живееш животот!

- Беше и остана кралица – се редеа реакциите.

Водителката не криеше дека во минатото се борела со вишокот килограми, а неодамна откри како за помалку од два месеци успеала да ослаби 15 килограми.

-Стигнав до 89 килограми, што е веќе опасно блиску до 90, дури и 100. Цел живот држам диети, но кога видов фотографии од една свадба сфатив дека морам да направам нешто - изјави Сузана за медиумите.

Тајната на нејзиниот успех, како што вели, се крие во едноставниот, но доследен режим на исхрана. Денот го започнува со топла лимонада и суплементи од минерали и витамини, кои ги консумира и за ручек. Вечерата ѝ претставува посебен момент, кога си дозволува богата салата со риба или бифтек. Откако ја постигнала посакуваната линија, се вратила на вообичаениот режим на исхрана, но на појадокот му придава посебна важност.

- Кој работи, не се плаши од глад. „Појадокот е клучен, а мојот избор се тостот, кајганата и салатата“, им порача Манчиќ на своите следачи.

Сузана уште еднаш докажа дека дисциплината и волјата се клучни за одржување на младешкиот изглед, а нејзините најнови фотографии од Карибите се само дополнителна потврда дека трудот се исплати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер