3Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство
Магазин Студија открива кој најтешко ќе се снајде поради промена на пазарот на трудот со вештачката интелигенцијаВештачката интелигенција повеќе ги погодува занимањата каде доминираат жени, открива нова студија Извештајот на Институтот Брукингс и Центарот за управување со вештачка интелигенција покажува дека работниците во индустриите во кои повеќе доминираат жени се поизложени на ризиците што ги носи вештачката интелигенција на пазарот на трудот, објавува Њујорк пост. Истражувачите со комбинирање на јавни и приватни збирки на податоци анализирале кои занимања се најизложени на автоматизацијата и промените и колку вработените во овие подрачја би можеле да се прилагодат. Најзагрозени се жените со канцелариски и административни работни места Од 37,1 милион американски работници кои според студијата се најзагрозени од губење на работното место поради напредокот во вештачката интелигенција, околу 6,1 милиони вработени (4,2% од работната сила во примерокот) веројатно ќе имаат потешкотии да се прилагодат на промените. Како причина истражувачите ги наведуваат постарата возраст и помалите финансиски ресурси. Според наодите, овие работници се претежно концентрирани во канцелариските и административните занимања, а околу 86% од нив се жени. „Ова се работни места кои долго време се на удар“, изјави за CBS News Марк Муро, виш соработник во Институтот Брукингс. Муро нагласи дека овие статистики зборуваат за ранливоста на работните улоги во дејностите во кои доминираат жени, а не за способноста на самите работнички. Кој полесно ќе се снајде со промените? Од друга страна, студијата покажа дека 26,5 милиони работници имаат „натпросечна способност за прилагодување“ - односно подобра почетна позиција за префрлање на друго работно место доколку е потребно. Истражувачите проценуваат дека околу 70% од овие работници би можеле да се префрлат на нова работа со споредлива плата. Сем Менинг, виш истражувач во Центарот за управување со вештачка интелигенција, вели дека ова се претежно вработени во области како маркетинг, финансии и наука - сектори кои често бараат поразновиден збор на вештини и вклучуваат повеќе технички и менаџерски задачи. „Овие работни места користат поширок спектар на вештини, за разлика од некои административни и канцелариски улоги каде што основните компетенции се потесно дефинирани“, изјави тој за CBS News. Совет од експертите: Научете да работите со вештачка интелигенција Менинг и Муро велат дека вработените треба да се запознаат со алатките за вештачка интелигенција и да научат како да ги користат - особено ако размислуваат за промена на кариерата или сакаат да ја зајакнат својата позиција на пазарот на трудот. „Експериментирањето со оваа технологија со цел да видите како да станете попродуктивни и да ги проширите вашите способности, па и да се истакнете во вашата професија сигурно може да помогне“, заклучува Менинг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦеремонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетителиТрадиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи. Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар. Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија. Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала. Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција. Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПетмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“. Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“. 🇫🇷🖼️ Tableaux de Renoir volés sur la Côte d'Azur: cinq personnes ont été interpellées dans le cadre de l'enquête ouverte après le vol de deux tableaux au musée Renoir de Cagnes-sur-mer en septembre. https://t.co/HU61keznxl — Agence France-Presse (@afpfr) October 7, 2026 Плен вреден девет милиони евра Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година. Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.Тагови: музејот Реноар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследствоМинисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки. Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра. Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации. Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18