„Спржен мозок“: Нов вид ментален замор од ВИ на работното место - Канал 5

„Спржен мозок“: Нов вид ментален замор од ВИ на работното место

 Наместо повеќе слободно време и помалку стрес, работата што вклучува употреба на вештачка интелигенција, кај некои вработени лица, предизвикува чувство на преоптовареност и исцрпеност. 

„Спржен мозок“: Нов вид ментален замор од ВИ на работното место

Имено, истражување на американската консултантска фирма за менаџмент „Бостан консалтинг груп“ (Boston Consulting Group) посочува дека надгледувањето на повеќе ВИ-агенти може да биде речиси исто толку исцрпувачко како и управувањето со тим од луѓе. Тоа води кон феноменот наречен „Спржен мозок“ - умствена исцрпеност од ВИ и од дигиталната технологија.

Кога се наведуваат придобивките од користењето ВИ на работното место, се нагласува сличноста со работата со тим од луѓе на кои можете да им ја препуштите Вашата „здодевна“ работа. Ве ослободува од стратешките размислувања, Ви дава можност да направите подолга пауза за ручек или да си одите дома порано, па и дека, можеби, дури и да бидете попродуктивни, да заработите повеќе пари итн. Но, како што знае секој што имал шеф или бил шеф, менаџирањето е работа што доаѓа со посебен вид стрес и досада. И тоа не се менува ако „луѓето“ за кои станува збор, всушност, не се ни луѓе.

За учесниците во истражувањето на фирмата од Бостон, искуството со надгледување на повеќе ВИ-агенти - самостоен софтвер наменет да извршува задачи, а не само да исфрла информации како четбот, предизвикало акутно чувство на исцрпеност кај луѓето со дадени задачи, терајќи ги да се борат со својата концентрација.

Така, еден од испитаниците вели: „Тоа беше како да имам десетина отворени табови во главата, сите се натпреваруваат за моето внимание. Се најдов себеси како ги препрочитувам истите работи, се прашувам себеси повеќе од вообичаено и станувам чудно нетрпелив. Моето размислување не беше нарушено, туку само придушено од еден вид ментален шум.“

Авторите на студијата тоа го нарекуваат „прекумерна исцрпеност на мозокот од вештачката интелигенција“. Се опишува како ментален замор „од прекумерна употреба или надгледување на алатки засновни на ВИ вон когнитивниот капацитет“, според наводите во „Харвард бизнис ревју“ (Harvard Business Review).

„Спротивно на ветувањето за повеќе време за фокусирање на значајна работа, жонглирањето и мултитаскингот можат да станат белег на работата со вештачка интелигенција. Овој ментален напор поврзан со ВИ доаѓа со значителна цена, во облик на почести грешки на вработените, замор од донесување одлуки и намера за отказ“, се вели во написот.

Минатата есен, извештајот на Harvard Business Review ја документираше појавата на неволја наречена „воркслоп“ (workslop) - бесмислени е-пораки и идеи генерирани од ВИ што на крајот создаваат повеќе работа за луѓето кои мора да го поправат она што ботот го направил погрешно.

- „Бизнис исцрпеноста“ е вид „предавање“ во умот, во коешто работниците се чувствуваат немотивирано, давајќи ѝ ја работата на вештачката интелигенција и не обрнувајќи навистина внимание на исходот, вели психијатарката Габриела Розен Келерман, една од авторките на двата извештаи. - „Спржен мозок“ е речиси спротивното... Тоа е како обид да водите разговор „еден-на-еден“ со ВИ - интелигенција со интелигенција, појаснува таа.

Франческо Боначи, извршен директор на компанијата „Кјуа АИ“ (Cua AI) што развива свои ВИ-агенти, го опиша својот замор од вештачката интелигенција како „парализа на вајб-кодирањето“ (се однесува на трендот во Силиконската долина, за работа на помалку прецизни проекти со ВИ, а не она старото кодирање).

„Секој ден завршувам исцрпен, не од самата работа, туку од управувањето со процесите на работа“, напиша Боначи на „Икс“.

- „Спржен мозок“ е акутно искуство, како што го опишуваат испитаниците... Па, кога ќе направат пауза, тоа исчезнува, вели Келерман.

Секако, дури и технолошките професионалци понекогаш имаат проблеми со управувањето на своите ВИ-асистенти. Како што и Келерман нагласи, наодите од испитувањата, сепак, не се целосно негативни. Она што е за изненадување, е тоа што кај луѓето што доживеале „Спржен мозок“ имало помала веројатност да доживеат обично „прегорување“ (burnout), што се дефинира како состојба на хроничен стрес на работното место - насобрано со текот на времето, што исто така, ги тера вработените да работат лошо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора го менува Уставот

Без да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.

Црна Гора го менува Уставот

Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата.

Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон.

„Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шакира пристигна во град погоден од земјотрес и вети дека ќе ги обнови училиштата

Светската музичка ѕвезда,  пејачката Шакира синоќа ненајавено пристигнала во Кибдо, главен град на колумбискиот департман Чоко, каде што ги посети училиштата оштетени од разорниот земјотрес, разговараше со учениците и се фотографираше со нив.&n

Видео: Шакира пристигна во град погоден од земјотрес и вети дека ќе ги обнови училиштата

За време на посетата, таа најави планови за помош при обновата на најмалку 10 училишта во еден од најсиромашните региони во Колумбија, кој претрпе големи штети од земјотресот што се случи минатата недела.

„Најмногу ме загрижува тоа што училиштата можеби нема да бидат обновени откако ќе помине оваа вонредна состојба. Секој ден што децата го пропуштаат на училиште е ден во кој се лишени од својата иднина“, рече таа.

Во придружба на Шакира биле Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. Неговата фондација, „Фондацијата Хауард Г. Бафет“, ќе соработува со организацијата на Шакира, *Fundación Pies Descalzos*, во активностите за обнова на училиштата.

За време на посетата, Бафет кратко изјави: „Кога таа ќе повика, јас доаѓам“. Пејачката исто така најави дека лично ќе учествува во реновирањето на локалниот технолошки универзитет во Чоко.

Фондот за образование „Global Citizen“ на ФИФА и компанијата „Live Nation“ ветија средства во вкупен износ од 500.000 долари за реновирање на училишта и за враќање на децата во училниците, додека развојната банка CAF ќе обезбеди дополнителни 250.000 долари.

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија на 10 август. Според надлежните, загинаа најмалку 287 лица, а уништени се повеќе од 26.000 домови, додека 194 лица се водат како исчезнати. Регионалните власти во Чоко соопштија дека во таа провинција се уништени најмалку 3.100 куќи и дека се оштетени повеќе од 265 образовни објекти.

Шакира истакна дека нејзината фондација работи во Чоко веќе 22 години и управува со две училишта кои ги завршиле стотици ученици. Подоцна беше појаснето дека нејзиното ветување се однесува на реконструкција на 10 постоечки училишта, а не на изградба на нови објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер