Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
1Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
3Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
Технологија„Spotify“ постави нов рекордПопуларната платформа за стриминг на музика постави нов рекорд по бројот на претплатници.„Spotify“ е една од најпопуларните платформи за стриминг музика, а во последниот финансиски извештај се пофали со неколку нови рекорди. Така, компанијата истакнува дека сега има 252 милиони претплатници, што претставува раст од 12 отсто на годишно ниво, според неодамна објавениот извештај за третиот квартал. Во извештајот, „Spotify“ укажува и на растот на бројот на месечни активни корисници, кој сега изнесува повеќе од 640 милиони. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членкиПо еврокомесарката Кос, и македонскиот министер за надворешни работи Муцунски потврдува дека Европската Унија прави напори во дијалогот Скопје-Софија, но детали ниту тој не открива. За неговите очекувања колку брзо ќе има резултати од тој дијалог со европска асистенција, Муцунски во дипломатски одговор кажа само дека разговорите од македонска страна ги водат врз база на утврдените позиции. „ Мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставници на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки. Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните повеќе од две години, се базирани на позиции што прилично јасно ги имаме претставено на нашата јавност. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија. И премиерот Мицкоски очекува позитивен исход од тој дијалог. Го повтори неговиот став дека претходната влада е виновна за ветото на евроинтеграциите поради прифатениот политички услов за уставни измени. Од реформски аспект додаде дека земјава има многу преземени чекори кои не влегле во извештајниот период на ЕК. „ Иако во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа и сега ние можеби сме единствениот пример кој покрај оние суштински услови кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но, тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед и се надевам дека тој дијалог ќе вроди со плод. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. За дијалог со Македонија „под радарот“ беше прашана и министерката за надворешни работи на Бугарија Чамова во тамошното Собрание на пратенички прашања. Таа негира дека имала комуникација со Муцунски надвор од досегашните две средби. „ Изјавите на претставниците на Владата на Македонија за тоа дека се води дијалог и дека е неопходно да има посредници во тој дијалог ги сметам за неосновани, и благо кажано, е невообичаено да има посредници меѓу земја кандидатка и земја членка под услови кои не се двострани, туку се на европско ниво. / Она што е важно е да видиме од другата страна подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски. / Додека тоа не се случи, според мене, дијалог каков и да биде, ќе се одвива многу тешко. “-Велислава Петрова Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија. Дека има „тивка дипломатија“ за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, европкомесарката Марта Кос откри на новинарско прашање при презентацијата на Пакетот за проширување.. Таа нагласи дека комисијата презема многу чекори за односите меѓу двете земји, но за тоа не споделуваат во јавноста. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПоразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенијаСтотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САДСтотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција.. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си. Индексот „Стандард и пурс 500“ на „Волстрит падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април лани, кога претседателот Доналд Трамп ги потресе светските пазари со воведувањето царини во рамки на програмата „Ден на ослободувањето“. Технолошкиот индекс насдак падна за 5,52 проценти и изгуби до 2,5 трилиони долари од пазарната вредност.. Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот.Тагови: Берза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБела куќа: Хегсет и Рубио не ги напуштаат функциитеБелата куќа ги негираше гласините дека министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио би можеле да ги напуштат функциите во постизборната реорганизација на администрацијата на Трамп.Американските медиуми објавија дека има повици за смена на Хегсет, особено поради неговото справување со војната во Иран, што беше посочено како клучна причина за тешкиот порази на републиканците на изборите. Белата куќа и американскиот Стејт департмент во исто време ги демантираа и извештаите дека рубио ќе си замине од позицијата по поразите на среднорочните избори, нарекувајќи ги наводите „лажни вести“..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00