Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
3БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
Македонија Спортската сала во Карпош реновирана, но без целосна опрема, ништо не е санирано и покрај ветувањата, обвинува ЈакимовскиСпортската сала „Наум Наумовски Борче“ била реконструирана во 2023 година и предадена на општина Карпош во декември истата година 2023, но без реквизити – обвини градоначалникот Стевче Јакимовски .Спортската сала „Наум Наумовски Борче“ била реконструирана во 2023 година и предадена на општина Карпош во декември истата година 2023, но без реквизити – обвини градоначалникот Стевче Јакимовски по денешната вонредна седница на советот на општината. Иако било ветено од страна на Агенцијата за Млади и Спорт, а подоцна и од Министерството за Спорт дека ќе биде донесена целосна опрема за функционирање на истата, сепак не биле преземени никакви чекори за санирање – вели Јакимовски -По предавањето, констатиравме дека нема парно греење, дека нема вентилациони уреди, значи пареата од луѓето што ќе тренираат нема каде да оди, нема ниту една клупа, нема ниту една закачалка, нема ниту еден реквизит.Со новиот министер за млади и спорт, господинот Борко Ристовски обавив разговор мислам дека крајот на јули или август беше во којшто го замолив заедно да дојде, да видиме што се случува со спортската сала, дека таа има недостатоци и да видиме што понатака, дали тие ќе инвестираат.Наводно го пратиле економскиот оператор да санира нешто – ништо не е санирано, Јакимовски. Од Министерството за Спорт возвратија со одговор пак дека салата е во државната сопственост и дека спортската сала ќе биде санирана и сите оштетувања ќе бидат отстранети. Како што стои во нивното соопштение, салата ќе биде ставена во целосна употреба. -Оваа спортска сала е во државна сопственост и државата одлучува кому ќе му биде дадена на користење, односно ќе биде одземено тоа право доколку не се испочитувани обврските од договорот. Кога утврдивме дека објектот не е ставен во функција речиси една година, инициравме процес на враќање со цел да се санираат сите недостатоци и салата да биде ставена во полн капацитет на располагање на граѓаните. Салата ќе биде санирана, безбедна, опремена, функционална и повторно достапна за сите граѓани,- - Министерство за Спорт. Инаку, пред околу еден месец советот на општина Карпош донесе одлука салата да остане во владение на општината, откако претходно реагираа дека владата ја одзема салата од општината. Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп. -Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре. -Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје. Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на СрбијаМегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија. Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија. Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот. Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“. Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари. View this post on Instagram A post shared by Mihajilo Popovic Jr. (@jr_superstar_) Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет децаХаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперираниДесет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“. Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter