„SpaceX“ е сe поблиску до покривање на сите делови од Земјата со своите сателити - Канал 5

„SpaceX“ е сe поблиску до покривање на сите делови од Земјата со своите сателити

Говорејќи на дигитална конференција, главниот оперативен директор на „SpaceX“, Гвин Шотвел објави дека сателитите „Starlink“ можат да постигнат „целосна (глобална) поврзаност“ за само уште пет лансирања.

„SpaceX“ е сe поблиску до покривање на сите делови од Земјата со своите сателити

Иако се уште не е целосно јасно што значи тоа, тоа е импресивно достигнување за сателитската мрежа, која минатото лето почна да нуди регистрации во бета верзијата.

Еден ден откако Шотвел зборуваше, „SpaceX“ го заврши своето 23-то лансирање на „Starlink“, со што вкупниот број на сателити кои во моментов кружат околу со coѕвездието достигна 1.369, а само годинава се лансирани околу 490. Врз основа на тековните планови на компанијата, се проценува дека „Starlink“ може да обезбеди непречено покривање на 99 проценти од луѓето на Земјата до крајот на септември - задача за која ќе бидат потребни околу 1700 оперативни сателити.

Видеото подолу го прикажува лансирањето на ракетата „Falcon 9“ на 7 април, со што во орбитата се однесе уште 60 сателити „Starlink“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

„Weichai Power“ доби сертификат за првиот тежок мотор со внатрешно согорување на водород кој ги исполнува кинеските стандарди за емисии „China VI“.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

Моторот „WP15“ е тестиран во сите клучни услови на работа, вклучувајќи ладно стартување, големо оптоварување, работа со голема брзина и услови на променливо оптоварување при возење.

Моторот од 14,6 литри користи директно вбризгување на водород и палење со искри. Развива 447 kW (600 КС) и максимален вртежен момент од 2.800 Nm.

Максималната термичка ефикасност достигнува 46,8 проценти, а компанијата нагласува дека овој дизајн овозможува високи перформанси со мала потрошувачка на гориво, додека моторот не испушта јаглерод диоксид за време на работата.

Една од најголемите предности на новиот мотор е фактот што споделува повеќе од 90 проценти од своите компоненти со постојните дизел мотори. Ова треба значително да ги намали трошоците за производство, одржување и можна конверзија на постојните возила.

Каде ќе се користи?

„Weichai“, исто така, вели дека „WP15“ може да користи водород со пониска чистота од конкурентските решенија, што би можело да ги намали трошоците за гориво за корисниците и да го олесни преминот од фосилни горива на водород во секторот за тежок транспорт.

Новиот мотор е наменет за широк спектар на апликации, вклучувајќи меѓународни и домашни транспортни камиони, рударски дампери, пристанишни машини, возила за челичарници, како и големи единици за производство на енергија.

Според производителот, моторот е дизајниран да обезбеди носивост и автономија споредливи со дизел моторите, особено во областите каде што електричните возила на батерии сè уште имаат ограничувања поради масата и дометот на батеријата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)

Се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.

Бура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)

Бура проследена со град, силни ветрови и обилни дождови погоди делови од Словенија попладнево, а најлошата ситуација е забележана во областа околу Драмаљ и Плетоварј, во близина на Словенске Коњице, каде што граѓаните пријавуваат големи материјални штети.

Во овие области падна град со големина на лешник, а фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат овоштарници и лозја покриени со мраз, како да наврнал лесен снег.

Според порталот „Siol.net“, околу 15 часот бурата ги зафатила и другите делови на Штаерска, каде што возачите, плашејќи се од град, застанале под надвозници и во тунели.

„Reševalni pas“ објави на Фејсбук дека, според неофицијални информации, се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.

„Исклучително глупав, опасен, неразумен и луд потег, особено затоа што, според снимките од камерата во близина на Драмаљ, возачите имале можност да се тргнат од автопатот само неколку секунди пред надвозникот“, соопшти институтот, додека некои корисници на социјалните мрежи изјавија дека на несовесните возачи „треба доживотно да им се одземат возачките дозволи“.

Неколку помали бури се движеа југоисточно од Словенија во текот на попладнето, над Вараждинската, Крапинско-Загорската, Загребската и Карловачката жупанија во Хрватска, но засега нема информации за голема бура.

Словенечката агенција за заштита на животната средина (ARSO) објави дека се очекуваат нови врнежи од дожд со грмотевици во текот на попладневните и вечерните часови, но дека временските услови треба да се смират во текот на ноќта.

Во некои низински подрачја во внатрешноста на земјата е можно и краткотрајно формирање магла, објави „ARSO.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер